• Latest
Добро утро со Орданоски

Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

February 3, 2021

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

February 3, 2021 07:50
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Пред да побрзате со одговорот, можеби не е лошо ова прашање да го разгледате во „пакет“: ќе беше ли Русија ова што е денес (слободно изберете опис што вам најмногу ви одговара), да не беше Путин на нејзиното чело?

И двете дилеми се трик-прашања, бидејќи одговорот на овој вид на избор на алтернатива, на еден или на друг начин, се дискутира откако постои цивилизацијата како организиран облик на човечко живеење во култивирана (политичка) заедница, без да се дојде до изричит заклучок. Да ја скратам таа огромна, никогаш целосно прочитана библиотека на мислења – на пример, Георги Плеханов: „Улогата на индивидуата во историјата“, од 1898 г. – сумарната теза би можела да биде дека индивидуите влијаат субјективно врз историските настани, доколку за тоа постојат објективни околности. Што значи дека и да постојат објективни околности, промените не се задолжителни, доколку во нивното остварување не се вмешаат одредени субјекти.

Ова подразбира дека одговорот на дилемата за реформскиот (или, ако го љубите Путин, за деструктивниот) потенцијал на Навални е, всушност, проценка на објективните околности на состојбите во Русија. Тоа би била долга компаративна анализа на историските и актуелните состојби во таа земја, за која авторот на овие редови не се чувствува доволно компетентен и капацитетен да ја направи.

Но, со „голо око“ може да се види дека не јас, туку лично Владимир Владимирович Путин проценил дека Алексеј Анатолиевич Навални е доволно опасен субјект за опстанокот на рускиот објективен поредок, бидејќи со години се обидува да го убие, а како што тоа, некако, не му успева – што е, исто така, „неповолен“ симптом за состојбата на еден многу специфичен дел од поредокот во Русија – ја прифаќа алтернативата редовно да го затвора на долги престои во руските зандани, за да го елиминира личното влијание на Навални врз развојот на руското (објективно) секојдневие.

Да не е така, Навални вчера ќе излезеше како слободен човек од монтираното судење по повод неговото пропуштање на рокот да се пријави пред надлежниот руски суд, бидејќи човекот се бореше (во Германија) да го преживее – и едвај успеа во тоа – последниот државен обид за негово труење со биолошкиот отров „новичок“. Објективно, руската држава го труе, руската држава го тужи, руската држава му суди, руската држава го затвора, вознемирена заради неговата здравствена жилавост и ментална тврдоглавост да не подлегне пред напорите на руската држава за негова елиминација.

Ете, тоа е улогата на еден одважен субјект во големите историски наративи: со својот пожртвуван пример да покаже дека државата не е семоќна, дури и кога мисли дека нејзината моќ е неограничена. Проблемот е само субјектот да го „погоди“ моментот на објективните околности, за да почне да се случува посакуваната промена.

Ајде, сега, повторно: Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Лично, мислам дека не, бидејќи Путин сè уште ужива доволно широка поддршка во руската јавност за да одолее на повиците за демократски промени во руската држава.

Но, којзнае, можеби Путин подобро ги разбира од мене објективните општествени околности во Русија штом толку инсистира на субјективна елиминација на Навални од јавниот живот во земјата…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ