• Latest
Добро утро со Орданоски

Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

February 3, 2021

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

February 3, 2021 07:50
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Пред да побрзате со одговорот, можеби не е лошо ова прашање да го разгледате во „пакет“: ќе беше ли Русија ова што е денес (слободно изберете опис што вам најмногу ви одговара), да не беше Путин на нејзиното чело?

И двете дилеми се трик-прашања, бидејќи одговорот на овој вид на избор на алтернатива, на еден или на друг начин, се дискутира откако постои цивилизацијата како организиран облик на човечко живеење во култивирана (политичка) заедница, без да се дојде до изричит заклучок. Да ја скратам таа огромна, никогаш целосно прочитана библиотека на мислења – на пример, Георги Плеханов: „Улогата на индивидуата во историјата“, од 1898 г. – сумарната теза би можела да биде дека индивидуите влијаат субјективно врз историските настани, доколку за тоа постојат објективни околности. Што значи дека и да постојат објективни околности, промените не се задолжителни, доколку во нивното остварување не се вмешаат одредени субјекти.

Ова подразбира дека одговорот на дилемата за реформскиот (или, ако го љубите Путин, за деструктивниот) потенцијал на Навални е, всушност, проценка на објективните околности на состојбите во Русија. Тоа би била долга компаративна анализа на историските и актуелните состојби во таа земја, за која авторот на овие редови не се чувствува доволно компетентен и капацитетен да ја направи.

Но, со „голо око“ може да се види дека не јас, туку лично Владимир Владимирович Путин проценил дека Алексеј Анатолиевич Навални е доволно опасен субјект за опстанокот на рускиот објективен поредок, бидејќи со години се обидува да го убие, а како што тоа, некако, не му успева – што е, исто така, „неповолен“ симптом за состојбата на еден многу специфичен дел од поредокот во Русија – ја прифаќа алтернативата редовно да го затвора на долги престои во руските зандани, за да го елиминира личното влијание на Навални врз развојот на руското (објективно) секојдневие.

Да не е така, Навални вчера ќе излезеше како слободен човек од монтираното судење по повод неговото пропуштање на рокот да се пријави пред надлежниот руски суд, бидејќи човекот се бореше (во Германија) да го преживее – и едвај успеа во тоа – последниот државен обид за негово труење со биолошкиот отров „новичок“. Објективно, руската држава го труе, руската држава го тужи, руската држава му суди, руската држава го затвора, вознемирена заради неговата здравствена жилавост и ментална тврдоглавост да не подлегне пред напорите на руската држава за негова елиминација.

Ете, тоа е улогата на еден одважен субјект во големите историски наративи: со својот пожртвуван пример да покаже дека државата не е семоќна, дури и кога мисли дека нејзината моќ е неограничена. Проблемот е само субјектот да го „погоди“ моментот на објективните околности, за да почне да се случува посакуваната промена.

Ајде, сега, повторно: Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Лично, мислам дека не, бидејќи Путин сè уште ужива доволно широка поддршка во руската јавност за да одолее на повиците за демократски промени во руската држава.

Но, којзнае, можеби Путин подобро ги разбира од мене објективните општествени околности во Русија штом толку инсистира на субјективна елиминација на Навални од јавниот живот во земјата…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ