По завршување на вториот изборен круг од локалните избори, на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како пред штабот на Беса во Топанско Поле, чиј кандидат беше Зекирија Ибрахими, е поставено пластично столче со пешкир.
Кај муслиманите постои традиција кога некој ќе почине да се постави столче со пешкир пред куќата на умрениот.
На симболичен начин, најверојатно активистите на ДУИ, ја „одбележаа“ политичката „смрт“ на Беса, односно на Ибрахими во Општина Чаир.
Црната кампања на овие локални избори беше присутна кај сите учесници во изборниот процес, како и кај нивните активисти и симпатизери.
Д. М.