Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера, на улиците на Гостивар разговараше со граѓанките и граѓаните за социјалната правда и за работничките права. „Не се почитуваат никакви права!“, „Тешко на овој народ што живее овде!“ и „Жално е оваа држава да биде таква!“, се само дел од реакциите на гостиварчани на поставените прашања.
Гостиварчани едногласно одговорија дека не се почитуваат работничките права во земјата како и дека не веруваат во социјалната правда. „Социјална правда – неправда“, кусо искоментира една граѓанка.
Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента