Владата вчера ја усвои изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација, стои во сопштението од вчерашната владина седница, јавува МЕТА.
„Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата денеска го поддржа со уште една мерка со која на медиумските работници им се овозможува право на бесплатно користење на услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за катастар на недвижности. Со оваа своја мерка, Владата на Република Македонија им излезе во пресрет на барањата на новинарите и на новинарските здруженија и обезбеди слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство“, стои во соопштението.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.