• Latest

Димовски: Очекувам објективна пресуда што ќе донесе промени во образованието!

May 26, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димовски: Очекувам објективна пресуда што ќе донесе промени во образованието!

May 26, 2017 14:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку месеци граѓанскиот активист и генерален секретар на невладината организација „Центар за меѓуетничка толеранција“, Владо Димовски, пред истекот на договорот, без образложение беше отпуштен од работното место наставник по македонски јазик во ОУ „Алија Авдовиќ“ од селото Батинци, Општина Студеничани. По денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2, по од него поднесената тужба, по повеќе основи – неоправдано отпуштање, дискриминација, притисоци…, Димовски пред камерата на ЦИВИЛ Медија изјави дека очекува позитивна одлука на судот на 1 јуни.

Во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа во февруари, Димовски изјави дека причините за отказот се политички, а притисоците почнале уште со почетокот на учебната година во септември 2016 година, поради неговите критики за лошите услови во образованието, но и поради учеството во Шарената револуција.

Со Димовски разговаравме и за ставот на училиштето, за општите услови за работа во образованието, за степенот на партизираност на образовните институции и како тоа влијае врз учениците, како и за очекувањата од образовниот систем, со оглед на политичката состојба во државата и очекувањата од новиот министер за образование.

„Јас очекувам судот да донесе правилна одлука, затоа што сите аргументи и доказите што ги приложивме, се на моја страна и не се сомневам дека ќе бидат објективни во делот на донесување на пресудата“, изјави Димовски.

Што се однесува до условите во кои се наоѓа образованието и влијанието врз работата на наставниците, Димовски изјави дека ако треба со еден збор да се опише, слободно може да се рече дека се – катастрофални.

„Имаме премногу небулози во образованието, почнувајќи од условите за работа во училишните згради, па сè до законот за основно и средно образование. Според истражувањата што ги направивме во ‘Центарот за меѓуетничка толеранција’, за една година имавме 29 измени на еден закон, според кој треба да се образуваат младите генерации… За условите во делот на силната партизација…, имаме голем дел на партиски војници вработени во последните неколку години“, рече Димовски, укажувајќи на фактот дека, колку и да звучи неблагодарно во однос на неговите колеги, сепак, според статистиката на Државниот завод за статистика и Годишниот извештај, има над 1.600 вработени наставници со несоодветно образование, а предаваат стручни предмети!

„Во последните неколку години, во Македонија владее тренд на неописменување на децата, а не описменување, бидејќи со таквите постапки во образованието се губи квалитетот. Наместо да се грижиме за квалитетно образование, се вработија кадри на кои баш им е гајле за образованието“, потенцира Димовски, надевајќи се дека, ако во изминатите  10 години и немаше никаков прогрес во образованието, барем со онаа пресуда што ќе биде донесена во негова полза, промените ќе започнат.

Во текот на судењето, поддршка за наставникот активист дадоа и активистите од иницијативата „Граѓаните за Македонија“, кои пред неколку дена под мотото „Правда за Владо“ повикаа на солидарност и на поддршка за Димовски.

 

Новинар и монтажа: Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов 

Tags: (не)описменувањеВладо Димовскикатастрофални условинедоодветно образованиеобразованиеотказпартизацијастатистикасудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ