• Latest
Добро утро со Орданоски

Фински Хонгконг на Балканот

November 2, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Фински Хонгконг на Балканот

November 2, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]а 6 декември годинава, Финска слави 100-годишнина од стекнувањето на својата независност. По тој повод, уште минатата година, Финска се обрати до соседна Норвешка, со едноставна молба: Норвежаните да им подарат еден планински врв на Финците, оној на планината Халти, висок 1.330 метри, со што тој би станал и највисокиот планински врв во Финска. Овој зафат бараше поместување на линијата на норвешко-финската граница за некои 31 метар.

Целата идеја доби над 17.000 лајкови на Фејсбук, од двете страни на границата, а норвешката влада сериозно се зафати со разгледување на таа финска идеја. После извесно време поминати во „длабински анализи“ (што би рекол еден наш актуелен лузер), норвешката премиерка излезе со официјален став: Жалиме, но „поместувањето на границата е невозможно поради уставната одредба која вели дека територијата на Норвешка е неделива“.

И со тоа застана таа иницијатива.

Но, мојот генијален пријател Пеце Талевски – од продукциската куќа ОХО – пред извесно време ја покрена таа фина финска идеја во Македонија: а зошто ние, коишто имаме вакви планински врвови од околу 1.350 метри висина на претек, да не им отстапиме еден од нив на Финците? На пример, предлага Пецко, можеме да им дадеме илјада квадрати на Бабин Заб, над Битола, или Вртешка, над Преспа, и со тоа Финците да го добијат својот највисок планински врв во Македонија!

Што би ни пречело нам Финците да направат еден убав нордиски планинарски дом во Македонија и да го истакнат своето прекрасно знаме на него, како доказ дека ја поседуваат таа територија?

Па, добро, бидејќи и македонскиот Устав ја гарантира територијалната целовитост на Републикава, јас предлагам да им го изнајмиме, за едно евро годишно, на 99-годишно користење тој наш врв на Финците, со можност, потоа, за обнова на договорот за нови 99 години… Замислете: фински Хонгконг на Балканот!

Пеце Талевски вели дека Финците, сигурно, ќе сакаат да ни се реваншираат со нешто, па тој предлага вратката да ни ја направат со праќање на неколку образовни експерти чија задача би била во наредните десетина години да ни помогнат македонското образование, колку-толку, да го приближиме до најдоброто во светот, финското.

Можеби е навистина време да почнеме да излегуваме од 24/7 зачауреноста во нашите бескрајни политички дебати за релативната мизерија на духот и апсолутната мизерија на политиката во којашто живееме и да почнеме да се занимаваме со малку пофини нешта: со фините Финци од Финска. Па, мора да има нешто фино во државата Финска!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ