• Latest

Георгиевска: 51% од стечајните работници не ја дочекаа правдата!

August 4, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Георгиевска: 51% од стечајните работници не ја дочекаа правдата!

August 4, 2017 14:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лилјана Георгиевска од здружението „Унит“ од Куманово, позната како неформална лидерка на стечајните работници, изјави дека ветените од Владата – 7.596 денари, не се за потценување: „Тие се спас за стечајните работници, да можат да имаат за леб и за лекови“.

„Има голема смртност меѓу стечајните работници, не само во здружението УНИТ, туку низ целата земја, вклучувајќи ги и нерегистираните стечајци. Според евиденцијата, која ја имаме од Заводот за вработување, за жал, над 51% од стечајните работници се починати“, изјави Георгиевска за ЦИВИЛ Медиа.

Со новиот Предлог – Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, што го поднесе Владата, се предвидува  3.000 стечајни работници да бидат обештетени. Георгиевска го поздрави таквото решение, но истакна дека тука нема да застане борбата за стечајците. Имено, како што објасни таа, уште 1.000 стечајни работници остануваат со нерешен статус и по Нова година се очекува и нивно згрижување.

Околу 560 лица од Куманово се пријавиле во здружението на стечајни работници „Унит“ и доставиле евидентен лист за остварениот стаж во една од поранешните кумановски компании, за да ги користат поволностите од Предлог-законот.

„Не посакувам никој да се најде во ситуација на стечаец. Ова е геноцид на модерното време!“, изјави Георгиевска.

Законот за стечајци ги опфаќа невработените лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, по 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година.

Невработените лица, исто така, треба да имаат 15 години стаж и 52 години (жени), односно 55 години (мажи) до стапувањето во сила на овој закон.

 

Текст и камера: Биљана Јордановска

Tags: „Унит“владаЛилјана ГеоргиевскаобештетувањеПредлог законстечајци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ