БЛЕД, 31 август 2026 – Проф. д-р Оливер Андонов, лидер на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ и колумнист на ЦИВИЛ МЕДИА, денеска на маргините на Бледскиот стратешки форум оствари кратка средба со премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.
Андонов, кој е професор на Воената академија во Скопје, учествува на 21. издание на Бледскиот стратешки форум, што се одржува на 31 август и 1 септември, каде што се собрани бројни политички лидери, дипломати и експерти од Европа и регионот. Меѓу главните теми годинава се иднината на Европа, европската безбедност, проширувањето на ЕУ и Западен Балкан.
Како што информираше Андонов за ЦИВИЛ МЕДИА, во разговорот го запознал унгарскиот премиер со своите позиции за јасна проевропска ориентација на земјата, како и со поддршката за демократските промени во Унгарија.
Тој го информирал Маѓар и за активностите и политичките заложби на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, која се залага за демократизација на партијата и нејзино проевропско политичко профилирање.
Според Андонов, Маѓар покажал интерес за актуелните политички состојби во Северна Македонија, а во разговорот било отворено и прашањето за европската интеграција на земјата. Унгарскиот премиер, како што пренесува Андонов, истакнал дека Унгарија ќе ѝ помага на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.
Фото: приватна архива (Оливер Андонов)














