„Македонија треба да биде хуманитарна земја и да им помага на сите, без разлика од каде доаѓаат“ – е одговорот на една скопјанка, на прашањето од денешната анкета на ЦИВИЛ Медиа: Дали се плаши од бегалците?
Ниту еден од анкетираните граѓанки и граѓани на Скопје, кои пред камерата на ЦИВИЛ Медиа зборуваа за бегалците, не одговори дека чувствува некаква опасност од мигрантите кои ја користат Македонија како транзитна земја за да стигнат до Европа.
„Немам зошто да се плашам, тоа се луѓе исто како и ние“, „Не се плашам, но не е во ред да примаме бегалци, кога не можеме да ги задржиме нашите млади тука“, „Тие треба да се плашат, тие се во состојба од која се трудат да побегнат“, се само дел од одговорите на скопјан(к)и.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов