• Latest

Митревски: „Јас сум единствен легитимен претседател на ССМ!“

June 5, 2017
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митревски: „Јас сум единствен легитимен претседател на ССМ!“

June 5, 2017 11:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ССМ, Живко Митревски, по долго инсистирање на ЦИВИЛ Медиа за реализација на видео- интервју, во рамки на проектот „Општество без граници“, за во кое беа предвидени прашања на тема – зошто во Македонија речиси и нема социјална правда, на крајот, писмено ни одговори и ни ги испрати одговорите по мејл. Иако без можност да поставиме дополнителни прашања кои произлегуваат од долгите одговори, сепак, одговорите на Митревски, интегрално ги објавуваме.

Митревски тврди дека ССМ е стожер и чувар на работничките права во Македонија и дека тој е единствен легитимен претседател на оваа синдикална асоцијација, а обидот на четирите синдикати за негова смена го оценува како историски скандал, спротивен на закон и мотивиран од личните интереси на синдикални лидери. Лидерот на ССМ, меѓу другото, тврди дека Сојузот во периодот од 2010 година до денес, бележи значаен напредок во битката за што поголеми социјални и работонички права, којшто се темели и врз нови законски регулативи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали во Македонија има социјална правда?

МИТРЕВСКИ: Уставот на Република Македонија, покрај останатото, јасно дефинира дека Република Македонија е социјална држава. Од тие причини, државата, но и социјалните партнери, имаат обврска да градат и општество во коешто социјалната правда ќе биде еден од принципите што ќе обезбедува подобар живот за граѓаните, врз основа на јасно дефинирана позиција на трудот. Во оваа смисла, покрај големиот дел на активности што ги преземаше Сојузот на синдикатите на Македонија, за првпат, од 2010 година па натаму, го промовиравме и принципот на пристојна работа, кој е еден од стожерите на градење на социјална правда, а кој претходно не беше соодветно истретиран. Во оваа смисла, со Меѓународната организација на трудот, во два наврати беше потпишуван и Протоколот и Меморандумот за градење на овој концепт за пристојна работа. Од друга страна, во текот на овој период, ССМ беше препознатлив и по реализацијата на повеќе кампањи и ратификација на меѓународни конвенции на трудот, кои исто така, одеа во прилог на реализација на фундаменталните принципи на градење на општество на социјална правда. Се разбира, во овој контекст, концептот на социјална правда и неговото имплементирање е поврзано и со низа историски економско- социјални и други детерминанти, кои во Република Македонија беа обременети и со постоење на долгогодишна светска, економска и социјална криза, како и градење на нов економски, социјален, политички систем, што сепак, неспорно влијае врз динамиката на реализација на концептот на социјална правда.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во која мера ССМ успева да се избори за работничките права на своето членство?

МИТРЕВСКИ: Сојузот на синдикатите на Македонија сите овие години, од 2010 па наваму, покажа дека посветеноста на синдикатите не може да биде само симболична, како што беше во претходниот период, туку позицијата на синдикатите треба да биде верификувана со конкретни резултати. Во оваа смисла, за разлика од некои други, таканаречени синдикати, реализиравме повеќе години различни кампањи, кои како што знаете, успешно завршија со донесување на повеќе историски закони како: Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Законот за безбедност и заштита при работа. Во овој период не дозволивме и во услови на најтешка економска и финансиска криза – отпуштање на работници, туку напротив, се бележи процес на зголемување на вработеноста, го унапредивме работното законодавство со имплементирање на 16 директиви, не дозволивме зголемување на старосната граница за пензионирање, од плата која пред 2010 година, изнесуваше 4.500 денари, по донесувањето на Законот за минимална плата, бележиме неколкукратно зголемување на минималната плата, која денес изнесува 10.080, а на ниво на Економско- социјалниот совет, како што знаете, постигната е согласност таа да изнесува во овој момент и над 12.000 денари. Бидејќи зборуваме за конкретни резултати, да напоменеме дека овој период има унапредување на работничките права, кои се состојат во повеќе сегменти, како на пример, со зголемувањето на надоместокот за време на суспензија, кој порано изнесуваше 30%, а сега е над 50%, со измените за првпат во работното законодавство внесени се директивите за навремено информирање и консултирање на работниците во ЗРО, во овој закон утврден е нов концепт за утврдување на репрезентативност на синдикатите, каде за разлика од порано, синдикатите активно учествуваат во Комисијата за репрезентативност, направена е измена – каде во услови на повреда на работникот на работно место, работодавачот го исплаќа надоместокот на плата и по истекот и на 30 дена, за првпат утврдени се заштитни механизми за работничката по основа на бременост, раѓање и родителство, вклучително ратификувана е и рамковната конвенција за БЗР, решен беше деценискиот проблем за бенефицираниот стаж за рударите во подземен коп, елиминирани се злоупотребите со изјавите за спогодбен отказ и отфрлени се можностите за злоупотреби на потпишување на предвремени бланко изјави, утврдени се мандатни казни за непријавени работници, воведено е електронско евидентирање на прекувремената и ноќната работа, прецизирани се одредбите со кои се регулира работно-правниот статус на сезонските работници, уредена е постапката за јавните огласи за вработување, евиденцијата за присуство на работа, обврската за задолжително претходно известување на државниот инспектор за труд и воведување на прекувремена работа и работа на државен празник…

Исто така, изменет и Законот за безбедност и здравје при работа каде за првпат во историјата, покрај претставникот за БЗР, и на претседателот на синдикалната организација му е дадена прозападна синдикална позиција да врши контрола на работните места, да ја потпишува изјавата за проценка на ризик, да го контролира записникот на инспекцијата на трудот, да биде информиран и консултиран за воведување на нови технологии и да може да предложи да биде запрен процесот на работа, доколку утврди некоја неправилност. Направени се измени и во кривичното законодавство, каде неисплата на плата и злоупотребата и враќање на средства во плик се утврдени како кривично дело, унапреден е процесот на колективното договарање и за разлика од голем број на држави во светот, ССМ во неколку наврати го потпишуваше Колективниот договор во приватниот сектор. Во овој контекст, по 10-годишното укинување на регресот за годишен одмор, истиот е вратен, за првпат во историјата, потпишани се колективни договори како овој во енергетика, донесен е закон за европски работнички совети, кој ќе стапи во сила со приклучувањето на РМ во ЕУ, унапреден е концептот на социјалниот дијалог со утврдување на нови основи на ЕСС, како резултат на кампањите на ССМ формирани се локални економско-социјални совети во поголемиот број на градови, воведена е за првпат во историјата на Република Македонија и промовирана синдикалната минимална кошничка, ратификувани се нови 8 конвенции на МОТ, а на повидок е ратификација и на уште 4, што доволно зборува дека ССМ својата позиција и одбрана на работничките права ја потврдуваше со конкретни резултати, кои во услови на најтешката криза ги дадоа тие резултати.

Се разбира дека секогаш може и подобро, меѓутоа постојат и низа други фактори кои влијаат врз интензитетот на остварувањето на работничките права, но и самиот факт, врз основа на овие верификувани резултати, што ССМ по стогодишна историја, во 2013 стана членка на Светската конфедерација на синдикати (ITUC), а потоа, и на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), доволно зборува дека и Светската и Европската конфедерација на синдикати го потврдија значењето на ССМ како стожер на социјалната, но и на политичката стабилност во Република Македонија и таквата своја позиција беше ратификувана во овие светски и европски синдикални семејства. ССМ во моментов, и продолжува со реализација на можеби најзначајниот документ во независна Македонија, а тоа е афирмација на Протоколот за социјален напредок, како стратешки документ, кој за првпат промовира генерална стратегија за плати, вклучително и за нови критериуми во минималната плата, како и основ на зголемување на најниските плати, утврдување на нови услови за пензионирање, обезбедување на сигурен работен однос со утврдување на минимум проценти на вработени на неопределено работно време во индустриските зони, намалување на временскиот период за склучување на работен однос на неопределено работно време, формирање на социјален солидарен фонд, и слично. Сето ова е во контекст на реализација на низа стратешки документи и на МОТ и на Европската социјална повелба и се во насока на отпочнување на градење на европскиот социјален модел во Република Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Граѓаните, членството на ССМ со години се жалат и реагираат дека во Македонија практично синдикатите не функционираат, туку се продолжена рака на власта?

МИТРЕВСКИ: Во земјите во развој и во транзиција, како што е Република Македонија, во услови помеѓу објективно реалното и она што значи споредба со држави со многу поголема историска, економска и социјална традиција, без постоење на соодветна аргументација и често пати од аспект на промоција на пропартиски или бизнис интереси, најчесто на синдикатите им се лепат разни квалификации, вклучително дека се продолжена рака на власта. Претходно напоменав дека резултатите треба да зборуваат, а не честопати искривената слика и перцепција поттикната од пропартиски и бизнис интереси. Факт е дека во овој период ССМ се покажа како еден од најрелевантните фактори и стожер и чувар на работничките права, и очигледно, некому тоа не му беше интерес, или пак, постоеше тенденција ССМ да биде вклучен во низа стратегии, кои се надвор од синдикализмот, што ССМ не го дозволи, па оттаму промоцијата на принципиелната синдикална стратегија, консултирана најчесто и со ИТУЦ и ЕТУЦ. Како што кажав, некому му пречеше и форсираше ваква искривена перцепција кај некои структури. Фактите кои претходно беа напоменати, тоа го демантираат и поврзано со тоа што најголемиот број на кампањи и проекти беа успешно реализирани од ССМ и без поголеми социјални потреси, како резултат на нов пристап во социјалниот дијалог, што е еден од најзначајните модерни инструменти во европските општества, пак некому му пречеше и затоа формираше искривена слика. Во секој случај, добро е што во Република Македонија не се случија отпуштања на работници, имаше зголемување на плати, имаше подобрено работно законодавство, промоција на нови конвенции на МОТ и низа новини кои работниците сепак, ги почувствуваа. И добро е што најголемиот дел од работниците тоа го знаат и со своето однесување и доверба кон ССМ го покажаа.

ЦИВИЛ МЕДИА: По сите превирања и исклучувањето на четирите синдикати од ССМ, практично кој е според Вас, легитимен претседател на асоцијацијата?

МИТРЕВСКИ: Единствено легитимно раководство на ССМ и единствен легитимен претседател на ССМ е д-р Живко Митревски, едногласно избран на 19-тиот конгрес на ССМ одржан на 21 мај 2015 година, што во сите документи, вклучително и во највисоките органи и тела, и во Централниот регистар и во сите постапки тоа е потврдено. За жал, четвроицата претседатели на грански синдикати, во обид да ја дефокусираат јавноста од сопствениот неуспех и неможноста повеќедецениски да бидат докажани како синдикалци и во обид да ги продолжат своите пензионерски денови, повторно како лидери на синдикат, реализирајќи одредени пропартиски и бизнис интереси, направија историски скандал, каде спротивно на законот, Статутот на ССМ, на сите конвенции за слобода на синдикално организирање, врз основа на фалсификувани исправи, а поттикнати од одредени партиски структури, направија обид насилно да го срушат легитимно избраното раководство на ССМ. Ваквиот обид беше осуден и од Светската и од Европската конфедерација на синдикати, легитимното раководство на ССМ беше потврдено, а за ваквите дејствија, учесниците добија и соодветни кривични пријави. Радува фактот што вистинското синдикално движење го потврди легитимитетот на претседателот на ССМ, и заради нестатутарното и противзаконско однесување, неспроведување на одлуките и ставовите на органите и телата на ССМ, криење и неуплаќање на членарина, овие синдикати беа исклучени од редовите на ССМ. ССМ е отворена организација, отворена за сите синдикални организации од овие исклучени синдикати, како и за тоа членство, бидејќи проблемот не го гледаме во членството, туку во таканаречените синдикални лидери, кои патем речено, повеќе од 20 години не ги пуштаат тие позиции и не сакаат да ги продолжат своите пензионерски денови, ослободувајќи ги синдикалните функции. Од друга страна, јасни се и индикациите дека тие личности дефинитивно испромовираа пропартиски и бизнис интереси и веќе длабоко со тоа навлегоа во таканаречени жолти синдикати. Без оглед на се, ССМ како една од најзначајните сили во синдикалното движење во Република Македонија, останува на своите принципиелни синдикални позиции и на резултатите кои беа реализирани и верификувани, и во идниот период ќе се фокусира на реализација на Протоколот за социјален напредок.

Моника Талеска

[divide]

Интервјуто е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Живко Митревскиработнички правасиндикатсоцијална правдасоцијални праваССМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ