Александар Новакоски, адвокат, поранешен претседател на ДИК и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ на панел дискусијата по завршување на изборниот ден, во прес центарот на мониторинг тимот на ЦИВИЛ изрази задоволство за текот на гласањето и ја пофали Државната изборна комисија за начинот на досегашното спорведување на локалните избори.
Сепак, Новакоски истакна дека, пред сѐ најголема заслуга им припаѓа на граѓанките и граѓаните.
„Она најбитното е што вроди со плод реакцијата на државата која сериозно упати апел да нема заплашување на граѓанките и граѓаните во донос на вработување или губење на работните места. Битно е што сите се чувстуваа дека можат слободно да гласаат без да бидат следени како ќе гласаат. Сепак, изборите не се завршени. Јас се надевам дека до крај ќе завршат како што заврши првиот круг, бидејќи имаме лоши искуства со мали инциденти во некои општини, што на крај покажуваат поинаква слика на изборите“ истакна Новакоски на панел дискусијата оценувајќи го вчерашниот изборен ден.
Б.Ј.