Државната изборна комисија денеска, со почеток во 12 часот, со жрепка ќе го утврдува редоследот во Единствената листа на кандидати, односно редоследот на гласачките ливчиња.
ДИК ги покани овластените преставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи што ќе учествуваат на Локалните избори 2017, да земат учество во жребувањето, а за таа намена, со себе мора да имаат овластување од подносителот на листата.
Редоследот на кандидати во листата откако ќе се утврди со жребувањето, останува ист во сите општини, а во општината каде подносителот нема да има свој претставник, соодветниот број ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител, без да се остави празно место.