• Latest

Ромите имаат право на базен!

July 26, 2017

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ромите имаат право на базен!

July 26, 2017 16:59
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По веста дека неколкумина Роми од Скопје биле натепани на базенот „Снупи“ во Велес, ЦИВИЛ Медиа  ги пронајде нападнатите граѓани, а се обрати за информација и до одговорните за базенот и до СВР Велес.

„Немој ти мене да ме учиш кого да пуштам да скока во базен, ти не смееш да скокаш!“, на дрзок и насилен начин, според сведочењето на нападнатите скопјани, спасителот на базенот „Снупи“ во Велес му се обратил на Ромчето кое скокнало во базенот. На тоа реагирале роднините на момчето, при што дошло до турканица која набргу била расчистена, откако интервенирале обезбедувањето – СГС и сопственикот на базенот.

„Сопственикот на базенот, Аце, дојде кај нас на маса и нè убеди дека нема повеќе да се случи спасителите на базенот да се однесуваат дрско со посетителите. Меѓутоа, пред да се затвори базенот, околу 19 часот, кога речиси сите гости си заминаа, и ние се подготвуваме да се вратиме дома во Скопје, додека внукот Ибраим Умер излегуваше од соблекувалната, без никакво образложение, еден со стаклено шише го удри по глава. Ние дотрчавме да видиме што се случува, но во тој момент, однадвор влегоа околу дваесетина души во цивилна облека, со палки и шипки, и почнаа да не тепаат“, сведочи за ЦИВИЛ Медиа, Сами Умер, еден од тепаните граѓани.

Тој тврди дека тепачите биле повикани од газдата, од спасителот или од обезбедувањето на базенот.

„Тепачите не беа спречени да влезат во базенот – за да не нè тепаат, напротив, меѓу нив беа и обезбедувањето на базенот од СГС, и тие нè маваа, наместо да не заштитат“, додава Умер.

Полицијата интервенираше по 15-20 минути, откако бевме истепани и раскрварени, велат тепаните Роми.

„Полицијата кога пристигна, наместо да ги апси тепачите, тие нам ни ставија ‘лисици’ и ни викаа“, истакна Џељадин Умер, еден од тепаните.

Геге Демировски, кој како граѓански новинар прв ја испрати информацијата и фотографиите од нападнатите лица, нагласи дека како претставник на СДСМ, бара од надлежните институции соодветно да реагираат и да ги казнат сторителите. И потенцираше дека ќе ги искористи сите демократски средства, доколку некој се обиде да го забошоти случајот.

„Барам од Јавното обвинителство од Велес, да им одреди соодветни казни на тепачите. Нема да дозволам оваа работа да биде наместена и одговорните да не одговараат. Барам и сопственикот на базенот ‘Снупи’ да понесе одговорност и да престане дискриминацита што се случува врз Ромите“, додава Демировски.

ЦИВИЛ Медиа, се обиде да стапи во контакт со претставници од базенот „Снупи“, но телефонскиот број три дена е недостапен! На Фејсбук пораката што ја испративме, добивме одговор дека во најкраток рок ќе ни биде одговорено на прашањето, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

Во СВР Велес за ЦИВИЛ Медиа велат дека биле повикани шест лица од Велес на информативен разговор. По извршените службени активности, сите се пуштени на слобода.

„На ден 23 јули 2017, околу 19.00 часот на Градскиот базен ‘Снупи’, додека лицето И.И. (21) од Скопје, излегувал од соблекувалната на базенот, бил пресретнат од Н.Н. – лице, кое веднаш го удрило по главата со шише, од што се здобил со видлива телесна повреда – расекотина над десното око. Настанала општа гужва. Непознатите лица со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале Е.И. (19) од Скопје и С.У. (34) од Скопје, по што, во еден момент, се дале во бегство кон долната капија на базенот“, вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој не даде подетални информации за причината за тепачката. „Ние поднесовме кривични и прекршочни пријави за шест лица, а за понатамошната постапка ќе треба да одлучи Основното јавно обвинителство во Велес.

Текст и камера: Дехран Муратов

Tags: „Снупи“ВелесДемировскиинцидентСВР ВелесСГС
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ