• Latest

„Спас за Валандово“: Повик за солидарност и поддршка

July 25, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Спас за Валандово“: Повик за солидарност и поддршка

July 25, 2017 12:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашата заедница е во историска борба! Во Валандовско, по првпат имаме организиран отпор кон рудник со отворен коп (рударскиот комплекс Казандол) и развој на нашето земјоделско поднебје со Г1 тешка и загадувачка индустрија“, порачуваат од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“

„Тешката и загадувачка индустрија ни се заканува со загадување на нашите земјишта, нашата питка вода, како и водата за наводнување, нашиот воздух, нашите земјоделски производи, нашата економска егзистенција – накратко, животот каков што го познаваме. Поради ова, ве повикуваме сите до еден да ја пружите вашата поддршка и да ја покажете вашата солидарност со нашата борба: индивидуално, како група, како друго еко-социјално движење, како човек…“, се вели во повикот за солидарност и поддршка на иницијативата „Спас за Валандово“ („SOS Valandovo“)

„По многу пречки, нашата граѓанска иницијатива стигна до референдум (закажан за 20 август 2017), каде ние – граѓаните ќе го кажеме своето мислење: дали сме за или против продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс Казандол, и дали сме за или против отварање на други рудници за металични минерални суровини на подрачјето на Општина Валандово“, порачуваат од „Спас за Валандово“.

Граѓанската иницијатива бара поддршка од граѓаните на Македонија преку „индивидуална или групна фотографија со #гласајпротив (рудниците на смртта), преку уметничка творба, интерпретација на нашата борба (слика, поема, расказ, песна, музика, графички дизајн, танц, кореографија… било што!), споделување на стории – повик до други групи/движења кои работат на еко-социјална правда да ја споделат својата борба. Кога ќе ни ја испраќате вашата поддршка, кажете ни повеќе за вашата борба – да ги обединиме напорите каде можеме! Додајте #гласајпротив & #СпасЗаВаландово. Секоја слика/творба ќе биде споделена во албум“.

Сите творби треба да се испраќаат на Фејсбук страницата на иницијативата или на адресата: spaszavalandovo@gmail.com.

„Заедно сме најсилни!“, порачуваат заштитниците на животната средина од Валандово.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Валандовограѓанска иницијативаКазандолорганизиран отпорповик за поддршкареферендумсолидарност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result