Categories

ГЕРИЛА АКЦИЈА Споменикот „Питач“ собира донации за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ!

Пред споменикот „Питач“ во Скопје беа поставени картонски кутии на кои пишува: „Доброволен прилог за ДПМНЕ и СДСМ“, „Просечната заработувачка во Германија изнесува 4.080 евра“ и „Се продаваат парцели на Месечината – 80.000 евра метар квадратен, проект на идната влада на Република Македонија“.

Кутиите коишто беа поставени за собирање на „доброволниот прилог“ за двете најголеми политички парии, сепак, не останаа долго, бидејќи ги собрал собирач на картони.

Текст и камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Print Friendly, PDF & Email