Categories

ТЕАТРОСК „Статуафест“ во Гевгелија

Во сабота, 23 септември со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Гевгелија ќе се одржи уличен уметнички фестивал на живи статуи „Статуафест“. 

„Статуафест“ е уличен уметнички фестивал за живи статуи, поддржан од Министерството за култура, како дел од проектот „Нов културен бран”.

„Живите статуи се уметност којашто е застапена речиси во секој дел на Европа и воопшто, во светот. Ваквиот вид на уметност е навистина многу специфичен, но исто така, и многу малку застапен во нашата земја. За да го доближиме овој вид на уметност до нашите граѓани, решивме да создадеме проект што ќе ја претставува токму живата статуа“, велат од „Театроск“, организацијата која е организатор на настанот, во соработка на Домот на културата во Гевгелија.

„Статуафест“ ќе биде поставен во камерен формат. На фестивалот ќе учествуваат седум изведувачи – живи статуи и двајца актери кои ќе ја изиграат уличната танго – пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, Марија Бејкова и Дарко Велјиќ. Финале на настанот е ДЏ сетот на диџејот Чарли.

Како живи статуи ќе настапат „Театроск“ – „Лулашка“, „Д Дарлинг“ – „Виолинистка“, Филип Илиев – „Принцот“, Тони и Фона – „Чаплин и детето“, Дарко Велјиќ – „Човекот на клупата“.

За време на настапот на статуите, пијано – акустичен музички сет ќе имаат Наталија & Влатко.

Print Friendly, PDF & Email