• Latest

Жителите единствени против изградба на регионална депонија!

July 24, 2017

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жителите единствени против изградба на регионална депонија!

July 24, 2017 12:38
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на Општина Дебарца протестираат во знак на револт против предлогот на Министерството за животна средина за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје, со дециден став дека „не сакаат фабрика за отпад во најчистата околина“ и најавија радикализација на  протестите и блокади на патиштата, ,ако не се најде друга локација за депонијата“

„Дебарца е историски најнапатената област во Македонија. Долго време на маргините на интересот на сите досегашни влади. Селата се напуштени и запуштени, луѓето се иселени… Но, тоа не значи дека духот на нашите предци, духот на сите прогресивни умови од овој крај е исчезнат. Тој живее во сите нас и во сите раселени по градовите, барајќи егзистенција по напуштените фабрики и газдинските фирми… Јас се отселив од Скопје во селото Годивје, поради потребата од создавање здрави услови за мојот животен стил, поради потребата да се доближам до чистата природа, поради потребата да направам нешто за мене и за мојата животна средина… Јас живеам овде, во чистата природа, а сега таа има најголема потреба од сите нас! Дебарца ќе остане чиста и незагадена и секогаш ќе пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите прогресивни луѓе од Македонија, напиша гинекологот, д-р Јадранка Бибан, основач на „Здружението за здравствена едукација и екологија 8-ка“, во нејзината јавна кандидатура „за непартиски, независен и обединувачки градоначалник на нашата револуционерна општина Дебарца“.

Д-р Јадранка Бибан

Иако причини сигурно има повеќе, непосреден повод за реакцијата на д-р Бибан и за нејзината кандидатура е и фактот дека во рамки на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион што ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, од 12 предложени локации, предвидено е регионалната депонија за неколку градови од Западна Македонија, да се изгради во општината Дебарца, во реонот на селото Годивје, а со нејзиното пуштање во употреба до 2020 година, да се затворат бројните диви депонии, меѓу кои и струшката.

Но, веднаш се огласија граѓан(к)ите, кои како докторката Бибан, незадоволни, реагираат поради можноста за загадување на недопрената природа.

И градоначалникот на Дебарца, Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ, се закани со блокади и протести доколку почне да се гради регионална депонија на просторот на оваа општина: „Согласно моите ингеренции ќе направам сè што е во моја надлежност, да не се изгради оваа депонија, а исто така, поради очигледниот револт, кој беше искажан на Јавната расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на регионална депонија одржана на 18 јули 2017 година, населението е подготвено да преземе порадикални мерки согласно законите во Република Македонија, како што се блокирање на патишта и протести”, рече Трајковски.

И советничката група на СДСМ од Општината е против регионалната депонија. „Во врска со одржаната Јавна расправа по Студијата за влијанието на Интегрираниот систем за управување со отпад во Југозападниот плански регион врз животната средина, на која како најсоодветна локација за изградба на регионалната депонија беше посочена локацијата во атарот на село Годивје, Дебарца, како советничка група на СДСМ во Советот на општината Дебарца го поздравуваме секој проект кој е во правец на решавање на проблемите со управувањето со отпадот на регионално ниво, но сметаме дека посочувањето на Дебарца, како локација за изградба на регионалната депонија во најмала рака е несреќна замисла , несоодветна и неприфатлива од повеќе причини“.

Градоначалникот Трајкоски побара поддршка од советниците – за итно распишување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат или не депонија во својата општина, по што, советниците се согласија и на итна седница ќе одлучат дали референдумот и ќе се организира.

Од Општината потенцираа дека никој од Дебарца не дал позитивно мислење за депонијата и дека се работи за најголемото сливно подрачје на Охридското езеро кое што е под заштита на УНЕСКО: „Општина Дебарца претставува еколошки чиста средина, без тешка индустрија, и од овие причини недозволива е изградба на регионална депонија, односно, изградба на најголема фабрика за загадување на општината”.

Годивјани пак, во медиумите реагираа дека се работи за пасишта каде има и „најубави печурки“, дека населението живее од сточарство и земјоделие и дека ќе биде присилено да се иселува, а изразија и недоверба дека депонијата ќе биде изградена според највисоките еколошки стандарди, како и стравување, дека и покрај почитувањето на стандардите, сепак, може да се случат штетни последици по животинскиот и растителниот свет во сливното подрачје и во самото Охридско Езеро. Жителите потенцираа дека Дебарца со 5.000 жители е најмала општина според бројот на жители во Југозападниот плански регион и најмал создавач на отпад. Тие сметаат дека е нелогично и економски неиздржано, отпадот од целиот регион да се носи и депонира во подрачје каде што отпад најмалку се создава.

Во меѓувреме, реагираа и еколози, но став на ресорното Министерство е дека Годивје е најсоодветна локација, дека депонијата би била трајно решение за дивите депонии во околината и дека со линија за селекција на отпад и со производството на биогас, само мал дел од отпадот ќе биде депониран.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БибанГодивјеДебарцазагадувањеОхридско Езерорегионална депонијареферендумТрајковски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ