• Latest

06 февруари: Приведени високи полициски службеници, Чулев негира дека се негови соработници, сајбер нападите – предизборно оружје, Алијансата за Албанците и Алтернатива влегоа во коалиција…

February 6, 2020

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Најмалку десет жртви, меѓу кои жени и деца во израелски напад врз училиште во Газа

May 12, 2025

Таравари: Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме, ќе се вратиме посилни

May 12, 2025
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, Сорбона, 25 април 2024 (скриншот од видео)

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

May 12, 2025

Курдските милитанти на ПКК објавија одлука за распуштање по децении конфликт со Турција

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

06 февруари: Приведени високи полициски службеници, Чулев негира дека се негови соработници, сајбер нападите – предизборно оружје, Алијансата за Албанците и Алтернатива влегоа во коалиција…

February 6, 2020 20:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Приведени високи полициски службеници, Чулев негира дека се негови соработници

Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постака, која е во тек, потврдија за МИА од Обвинителството. Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителствот и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.

Претходно, дел од медиумите објавија дека се спроведуваат апсења за високи полициски службеници од тимот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.

По објавувањето на веста во врска со апсењата на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев излезе со демант, дека не е точно тврдењето дека се приведени негови соработници.

„Изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.

БЛИЦ: Ништо чудно и „рамковистите“ што нема да добијат К-15 да протестираат како извршителите…

Дехран Муратов: Во изминатите години ниту една власт не најде начин како да им ја укине „платата“ на вработените по Рамковен договор, кои не одат на работа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Орданоски: Сајбер нападот врз Слободен печат е извршен од пет адреси во Македонија, меѓу кои државни и приватни компании, еден медиум и еден универзитет

Аналитичарот, новинар и професор, Сашо Орданоски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Сајбер нападите – предизборно оружје“, зборуваше, меѓу другото, за неодамнешниот сајбер напад врз серверот на „Слободен печат.

„Слободен печат којшто во последните два три месеци успеа да го дуплира и триплира својот сообраќај и влезе во 10те најчитани информативни портали. И тоа веројатно беше причината за повеќедневен напад. Нападот е всушност загушување на сообраќајот на серверот.

Серверите на Слободен печат се лоцирани во Франција. Првите предупредувања стигнаа од таму, дека сме под жесток напад. Интересно во случајот е што компанијата идентификуваше 5 адреси од каде се врши нападот кои беа од Македонија. Некој да се дрзне од Македонија, и тоа не од приватни туку од државни институции како еден од поголемите државни универзитети, од едно од поголемите министерства во владата, една од најголемите енергетски компании, една од најголемите ИТ компании и една од поголемите национални телевизии… Тоа се адреси кои би требало да бидат максимално заштитени.

Компанијата го пријави нападот во Одделот за компјутерски криминал во МВР не само затоа што е сериозен напад врз нашата компанија, каде секако имате огромни морални и материјални штети, туку бидејќи се работи за ретка прилика каде се идентификувани адресите и сметавме дека е важно да се идентификува начинот на којшто се извршени овие напади. За да се провери дали нивните сервери биле хакирани што е многу веројатно.

Ако овој напад е проба пред изборите тоа може да има сериозни политички импликации. Замислете што ќе се случи ако на 3 април некој го хакира серверот на Фондот за пензиско осигурување, на пример. Зад тоа не стојат луѓе кои се шегувале тој ден, туку се работи за промислен организиран и смислено изведен напад“, истакна Орданоски.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Донесувањето на законот за ЈО – блеф или реалност?

Преговорите за Предлог-законот за јавно обвинителство се стопирани. Власта очекува опозицијата да предложи амандмани, опозициската партијата инсистира амандманите да ги изготват експерти. Ќорсокак.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО… 

Шилегов: Неприфатливо однесувањето на ЈО и Државниот инспекторат за животна средина

Целосно неприфатливо е однесувањето на двете одговорни институции – Јавното обвинителство и Државниот инспектрат за животна средина. Педесет дена да молчите, притоа надлежниот државен инспектор за животна средина баш на 12 декември, бидејќи снимањето на градскиот инспектор било приметено од чуварските служби, на 10 кон 11 декември вечерта. Веројатно на 11 декември се чисти сè и баш на 12-ти прават вонреден надзор на кој му издаваат документ дека се било во ред. И сега Градот треба да излезе виновен за тоа што пријавил? Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор.

Овие критики на денешната прес-конференција ги упати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кон ЈО и Државниот инспекторат за животна средина во врска со случајот што градскиот инспекторат го пријави во обвинителството за фирмата „Еко-клуб“ од Битола.

Тој вели дека денеска од страна на МВР бил повикан градскиот инспекторот да го даде телефонот на кој се снимките, но снимките, како што рече тој, веќе не се наоѓаат на тој телефон.

Села ја потврди коалицијата со Гаши, на Касами му дава уште 12 часа рок

Алијансата за Албанците и Алтернатива заедничко ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Преку едно јавно обраќање лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, потврди дека од страна Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива, добиле писмена согласност за предизборна коалиција за изборите на 12 април.

МИОА потпиша Грански колективен договор со УПОЗ, за „Рамковните“ нема К-15

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.

– Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени колку тоа да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот и со надлежните институции овие луѓе да не земат К-15 . Се разбира, ќе важи само за оние кои ќе прифатат прераспределување, рече Манчевски одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на Колективниот договор за државната администрација.

МИОА и Синдикатот на УПОЗ денеска го потпишаа Гранскиот колективен договор во кој се предвидени повеќе права за работниците меѓу кои исплата на регрес за годишен одмор во нето износ од 9.000 денари. Меѓу правата кои ги добиваат вработените се и флексибилно работно време, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, плата за време на годишен одмор и за време на штрајк…

Спасовски: Реформските приоритети за исполнување на eвроатланските аспирации немаат алтернатива

Република Северна Македонија ги стави на забрзана трака реформските приоритети за исполнување на евроатланските аспирации, со јасна перспектива и силна политичка волја дека тие аспирации немаат алтернатива и дека нашата земја ќе го даде и го дава сопствениот придонес да биде видена како земја со стратешка улога во нашиот регион, изјави денес од Крива Паланка премиерот  Оливер Спасовски, при осначување на почеток на градежни работи за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница од Крива Паланка до граничен премин со Р. Бугарија, Деве Баир.

Американска „Дура“ гради две нови фабрики во Бунарџик

Американската компанија од автомобилската индустрија „Дура аутомотив системс“ денеска почна изградба на две фабрики во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2. Во новите капацитети на компанијата ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании и се најавени 68 милиони евра и 980 нови работни места.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Семинар на ЦИВИЛ во Струмица: Не пропуштајте ја можноста за активно учество во транспарентни и одговорни политички процеси

По успешниот семинар во Гостивар, ЦИВИЛ организира целодневен семинар за Југоисточниот регион кој ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија. ЛИНК: Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Сајбер нападите имаат потенцијал да го дестабилизираат системот и да однесат човечки животи

Панел дискусија на ЦИВИЛ „Сајбер нападите – предизборно оружје“, 6.2.2020 / фото: Б. Јордановска

„Ако имате ситуација во која Слободен печат или ЦИВИЛ Медиа се нападнати тоа не е преголема катастрофална последица, но ако се напаѓа системот, тоа може да однесе човечки животи. Тоа е рамно на терористички акт“, рече Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на панел дискусијата „Сајбер нападите – предизборно оружје“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Зоран Иванов во својата колумна вели дека Некаква правда како да почнува да се наѕира,  со тоа што се разрешени неколку судии, додавајќи: „Во земјава до правда тешко се доаѓа. Таа и натаму доминантно е привилегија на – привилегираните. Па сепак, првите неколкумина разрешени судии поради самоволие, поради инертност, поради игнорирање на правните процедури или поради било што друго, сеедно, се мали, но за почеток мошне значајни придвижувања. Тоа се првите сигнали што барем навестуваат реанимација на македонскиот судски систем“.

„К-15 за административците е дел колективен договор потпишан со владата по интензивни подготовки и преговори долги една година. Тоа значи повеќе права за поголем број вработени во државата. Тоа значи посигурни и регулирани односи меѓу работодавачите и вработените и поголема заштита од самоволие на работодавачите. И, на ваков начин се обезбедува поголема независност на администрацијата од партиски влијанија и од злоупотреба на администрацијата за партиски цели“, пишува професорката Мирјана Најчевска во колумната: И административците се работници, зар не?

„Новата методологија наметнува обврска и кон Унијата и нејзината Комисија, меѓу другото, драстично да го промени дипломатскиот, „езоповски“ јазик со кој до сега го оценуваше напредокот на земјата во процесот на евро-интеграција. Таа ќе мора, во „прибеовски“ стил, многу повеќе да се ангажира и во „арбитерска“ улога и јасно да посочува кој и зошто ги кочи реформите. Како што тоа, на пример, сега го прави во случајот на блокадите на Законот за Јавно обвинителство, кога „без ракавици“ и без многу „влакна на јазикот“, директно ја прозва опозицијата како проблем во реформскиот процес“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Бриселе, земи цевку и работи!“.

„Наивна и проѕирна е намерата на сите тие што, во недостиг на елементарна интелигенција, од мојот синоќешен настап на ТВ Телма со претседателот на ВМРО Христијан Мицковски, заклучиле дека јас ја прогнозирам победата на ВМРО на наредните избори, со тоа што, во иронија, сум ги повторил неговите зборови“, поентира Џевдет Хајредини.

Дехран Муратов

Во соработка со: Маја Ивановска, Дијана Тахири, Ангела Петровска, Биљана Јордановска, Арбен Зеќири, Зоран Иванов, Мирјана Нјачевска и Сашо Орданоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ