коментира: ДЕХРАН МУРАТОВ
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.
Ништо нема да нè зачуди доколку „дискриминираните рамковисти“ не се организираат и не излезат на протест и своето незадоволсво не го изразат како незадоволните „гладни“ извршители, кои протестираа пред извесен период (во своите канцеларии или во кафеана).
Во изминатите години ниту една власт не најде начин како да им ја укине „платата“ на вработените по Рамковен договор, кои не одат на работа. Во светот, тие што не работат се нарекуваат „социјални случаи“ и државата им дава парична помош, само во нашата држава тие што не работат добиваат плата како државни службеници.
БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.