• Latest

10 јули: Oптимизам, ЕУ, разрешувања…

July 10, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

10 јули: Oптимизам, ЕУ, разрешувања…

July 10, 2019 16:19
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Пендаровски не очекува опструкции од новата влада на Грција

„Знам дека Европската унија се бави сама со себе, но таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот“, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за телевизијата N1, за време на неговото учество на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, одржан во Сараево.

Toj смета дека објективно РСМ е малку разочарана од различните говори за отпочнување на преговорите што доаѓаат од ЕУ како целина.

Пендаровски, по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос на Преспанскиот договор, но очекува, како што вели, малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот, особено во делот на трговските ознаки на производите од северниот дел на Грција и од Северна Македонија.

ДКСК до Вангеловски и Врховен суд: Судиите пред разрешување да се изземат од носење одлуки

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, го извести Врховен суд, конкретно претседателот Јова Вангеловски дека според законот за судови 9 -те засегнати судии за разрешување треба да се изземат од постапката.

Законот за спречување на корупција и судир на интереси, предвидува судиите сами да внимаваат да не се најдат во конфликт на интереси, да се спречат самите да влијаат и доколку се сомневаат во судир на интереси, да се консултираат со ДКСК.

ДКСК предупреди дека прикривањето на постоење на приватниот интерес и не постапање во согласност со одредбите од законот,  има основа за покренување постапка за утврдување одговорнот и изрекување мерки.

Инаку  Вангеловски до кого се обраќа ДКСК,  е на листата на судии за разрешување поради пуштањето од притвор на бизнисменот Сеад Кочан во мај 2017 година.

Владата го разреши „пиштолџијата“ Исени

Владата вчера го разреши Џеват Исени од функцијата извршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП).

Со тоа автоматски му престана и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП,

Не се соопштени причините за разрешувањето, но се шпекулира дека повод можеби било видеото објавени на социјалните мрежи на кое се гледа како Исени игра на свадбена веселба со пиштол на појас.

Се формира Комитет за преговори во пристапувањето на земјата кон ЕУ

 Владата на Република Северна Македонија на својата редовна, 143-та седница донесе одлука за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија, информираа од Владата.

На  седницата е донесена и одлука за формирање на Секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија на главниот технички преговарач.

Во пакетот одлуки за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори, е донесена и одлука за формирање државна делегација и Комитет за преговори во пристапувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ.

Децата со развојни нарушувања и аутизам ќе добијат сензорна соба 

Град Скопје во соработка со Општина Бутел ќе отвори сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во населбата Радишани. Во собата ќе се третираат деца со развојни нарушувања и аутизам, а со нив ќе работи стручен тим составен од дефектолог, педагог, психолог, логопед и воспитувачи.

„Целта на отварање сензорна соба е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања и аутизам, како и  да се подобри квалитетот на живот на децата и нивните семејства. Раниот и предучилишен период е клучен за развој на сензорната интеграција.

Цивика Мобилитас додели 1,5 милиони швајцарски франци на 27 македонски невладини организации

Цивика Мобилитас додели 15 институционални грантови за јакнење на организациите во период од три години, додека акциски грантови добија 12 граѓански организации. Висината на грантот за институционална поддршка од швајцарската програма Цивика Мобилитас е 4,5 милиони денари за три години, додека акциските грантови се движат од еден до 1,8 милиони денари за поединечен проект.

Добитник на институционален грант е и ЦИВИЛ – Центар за спобода која во наредните три години ќе работи на унапредување на човековите права и слободи преку спојот на активизмот, аналитиката и медиумската продукција како дел од нејзините проектни активнсости.

Дехран Муратов

Share61TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ