Заев и Мицкоски на лидерска ќе бараат решение за Законот за Јавно обвинителство
Решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се обидат да најдат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на најавената лидерска средба, откако минатата недела последната средба на работните групи на власта и опозицијата не вроди со плод.
Лидерската средба ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот, потврдија за МИА владини извори. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.
Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори. Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на лице место.
Разрешен Јово Вангеловски
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска беше разрешен од Судскиот совет, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Заедно со Вангеловски разрешени се уште двајца судии од Врховниот суд.
СЈО: Загрижени сме што сè уште не е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева
Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“, соопштуваат од СЈО.
ИФИМЕС: Нападот на Северна Македонија сличен на нападот на Црна Гора пред членството во НАТО
Според аналитичарите, се вели во анализата на ИФИМЕС, актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерот Никола Димитров добитник на награда за придонес во европската интеграција на регионот
Царовска: Преку јакнење на економско-социјалниот дијалог на локално ниво до ефикасни мерки за вработување
Цветанка Периќ е избрана за нов судија во Врховниот суд
Манчевски: Има услови на пазарот за дополнителен мобилен оператор
ДУИ се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите и инсистира на вето
МИСЛА
Македонија е Волино
По објавувањето на владината стратегија за „одлучна борба против дезинформациите, лажните вести и хибридните удари врз демократијата“ видовме само одлучна борба против стратегијата.
На селската тепачка (на фудбалскиот натпревар од третата македонска фудбалска лига што се одиграл меѓу Волино и Црнобуки), што беше прикажана како мало „востание“, благодарение на „куририте“, МВР одговори, ни помалку, ни повеќе, со претставката до ЗНМ, СЕММ и АВМУ „поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување“. Ова е веројатно „најодлучниот“ удар против дезинформациите што можеа да го смислат институциите против дезинформациите. Притоа, МВР изрази надеж дека „овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми“. Што е тоа „соодветно“ што можат да го сторат ЗНМ, СЕММ и АВМУ, а што не може државата, останува тајна, пишува Џабир Дерала во својот Рафал.
Дехран Муратов