• Latest

100 ДЕНА ВЛАДА, Акиф Кариман: Лош старт со големи грешки во чекори на ромските претставници во Владата

October 1, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

100 ДЕНА ВЛАДА, Акиф Кариман: Лош старт со големи грешки во чекори на ромските претставници во Владата

„Кој е сега главниот телефон за контакт за ромските прашања - кумот Неждет Мустафа или кумашинот Шабан Салиу. Јави се локална - по се изгледа вие ќе ја превземете диригентската палка?, потенцира Кариман.

October 1, 2024 12:47
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Акиф Кариман, лидер на политичката партија АВАЈА, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека има лош старт со големи грешки во чекори на ромските претставници во владината коалиција, со чесни исклучоци. Ромските граѓани во овие 100 дена не може да насетат никакви подобрувања, без правец и без план. Во овие 100 дена нема никакви ефекти, освен нивните канцелариски фотели на број, слики и стари приказни (враќање во минатото 2 дел).

Тој додава дека им нема крај на именувањата на лица, носители на јавни функции и службени позиции, без јавна процедура и без никаква транспаретност, исклучиво по партиски и фамилијарни врски.

„За само 100 дена министерот без ресор Шабан Салиу, доби два жолти картони од граѓаните поради судирот на интереси и непотизмот.

И во овие 100 дена ромските граѓани се сами и незаштитени, во борбата за гола егзистенција бидејќи ромските претставници во Власта 100-те дена ги потрошија на недостапност, немоќност да направат било какви помрднување и подобрувања во условите за живот на ромската заедница“, вели Кариман.

Тој потенцира дека среде најголемите горештини граѓаните во Радовиш останаа без вода. Додека пак ромските граѓани во ромското маало во Тетово и денес мака мачат за да имаат редовен пристап до вода за пиење.

Кариман вели дека ромските претставници во владината коалиција во овие 100 дена покажаа дека се непристапни и глуви за овие проблеми и директни барања на заедницата.

„Кој е сега главниот телефон за контакт за ромските прашања – кумот Неждет Мустафа или кумашинот Шабан Салиу. Јави се локална – по се изгледа вие ќе ја превземете диригентската палка?, потенцира Кариман.

Лидерот на Аваја додава дека ромските претставници во власта го премолчале кратењето на финансиските средства за спроведување на Стратегијата за Ромите во последниот ребаланс на буџетот.

„Се скратија средства кои требаше да се вложат во вработувањето, социјалната политика и здравството“, вели тој.

Наместо резултати, вели тој, вријат социјалните мрежи со слики и состаноци на празно од секој ќош без никаков ефект за заедницата.

„Ромските преставници во владината коалиција не покажуваат слух и разбирање за пошироките теми од поголемата слика во јавноста и абер немаат за иницијативата за укинувањето на балансерот. Не видовме некој позначителен потег или ангажман, кој што може да потикне барање за воведување на заштитен механизам за пропорционалната застапеност на Ромите во институциите која што во моментот ни малку не е соодветна. Создадоа перцепција во јавноста дека они се средија и ги средуваат или ќе ги средат нивните и за другите баш им е гајле“, вели Кариман.

Тој вели дека ромските претставници во власта остануваат глуви за барањата на ромската јавност за “мерит и праведен систем” кој би ги признал долгогодишните структурни пречки со кои се соочува ромската заедница и кој ќе ги зема предвид не само индивидуалните способности, туку и историските нееднаквости и нефер третманот со кој Ромите се соочуваат со децении како и давањето на приоритет на најдобрите ромските студенти и средношколци.

„Oстануваме во стагнација поради неразрешени спорови со соседите, што е пак потенцијал за длабоки општествени поделености. Тоа дополнително ги загрозува условите за маргинализираните заедници, вклучувајќи ги и Ромите. Се намалува фокусот на инклузивноста и соработката“, вели тој.

Кариман заклучува дека Ромите имаат потреба, а и очекувања од новата Влада, но за жал, освен непотизам, нетранспарентност и премолчување на неправдите кои им се нанесуваат, Ромите немаа можност да видат друго.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ