• Latest

100 илјади поети за промена

February 15, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

100 илјади поети за промена

February 15, 2017 16:04
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, 15-ти февруари во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи промоција на зборникот „100 илјади поети за промена“, како дел од манифестацијата која по втор пат се одржува во Скопје, а по шести пат во Македонија.  На настанот со поетско читање ќе се претстават и дел од поетите кои со песни се застапени во зборникот.

Од околу 220 автори кои аплицираа на конкурсот, по селекцијата, во зборникот се застапени 60 автори.

„100 илјади поети за промена“ е манифестација која е збир на стотици индивидуални настани што се случуваат истовремено, секоја година, во многу градови ширум светот.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои се дел од ова движење, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, со мирот, со заштитата на природната околина и на планетата Земја, како проблемите со глобалното затоплување и со ранливите општествени групи.

„Со оваа промоција, особен акцент ќе се стави на одбележувањето на 15-ти февруари – Меѓународниот ден на децата болни од рак. На оваа тема во Македонија воопшто не се разговара, ние го избегнуваме овој проблем, а има голем број деца кои се заболени од рак, а не добиваат никаков третман и помош од Министерството за здравство“, вели Митко Гогов, организатор на настанот во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

„Оваа година, во овој зборник објавив песна која е инспирирана од војната во Унгарија. Тоа е поврзано и со нападот кој подоцна се случи кај нас, во Куманово. Преку тие настани ги коментирам војните во светот, дека , сé уште се случуваат братоубиствени војни. Едни со други се убиваме иако сме исти, без разлика на која нација, на која религија припаѓаме“, рече за ЦИВИЛ Медиа Ѓоко Здравевски еден од авторите кои учествуваат во овој зборник.

Идејата е да се направат поетски рецитали и мултимедијални настапи, што само по себе подразбира најразлично претставување на авторска поезија на поети од сите генерации. Самиот настан има мото „Поетите за промена“ и поетите ќе имаат можност да направат барем минимална промена на свеста на општеството во кое живееме. Ваков тип на настани се случуваат насекаде низ Балканот, во Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Tags: 100 илјади поети за променазборникопштествени променипоезија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ