Од утре ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” која ќе трае до 30-ти август. МЛК “Скопје” е во организација и реализација на Музеј на Град Скопје и Хотел Арка, под финансиско покровителство на Град Скопје.
На овогодишното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет (вообичаената селекција е 5 домашни автори и 5 од странство). Учесниците се секој оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.
Уметниците ќе ги создаваат своите дела во Хотел Арка, сместен во Старата скопска чаршија.
Делата создадени од оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.