• Latest

11 јули: Безбедност, пранкери, корупција, правда, одбележување…

July 11, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 јули: Безбедност, пранкери, корупција, правда, одбележување…

July 11, 2019 15:48
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Русија не стои зад руските пранкери

Премиерот Зоран Заев денеска, рече дека телефонскиот разговор со руските комичари е приватна работа со која не би требало да се поврзува Руската федерација.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, истакна Заев.

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, мирна и без индиции за нарушување

Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање какви се безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“.

-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидадтите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Уапсен уште еден учесник на насилството на 27 април во Собранието

Синоќа околу 21:30 часот полицијата го уапси Светозар Петровиќ, осуден на 18 месеци затвор за “лажно идентификување“, инаку познат на МВР по тоа што беше еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ и упадна во Собранието на 27 април.

Познат како “Лаки Арамбаша” долго време беше во бегство. Тој беше еден од организаторите на протестите “За заедничка Македонија”, а обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организирање на насилството во Собранието.

Платформа против корупција: Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга

Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата излезе со реакција предупредувајќи дека премиерот Зоран Заев и како в.д. министер за финансии го прекршува законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Со мотото „Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга“ Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата упати укажување со кое ги поткрепува посочувањата на јавноста и Државната комисија за спречување на корупција.

Марш за одбележување на 24 години од геноцидот во Сребреница

По повод 24 годишнината од геноцидот во Сребренца денеска ќе се одржи Марш на слободата со почеток во 18 часот, а ќе започне во паркот во Чаир. Маршот ќе заврши на плоштад Макеоднија каде во 19 часот се очекува прикладна програма во сеќавање на жртвите. На денешното одбележување во Сребреница ќе присуствува и македонска делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери заедно со пратениците Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ. На одбележувањето претседателот Џафери ќе има и пригодно обраќање.

Амнести Интернешнл со петиција за ослободување на кинематографот Мин Хтин Ко Ко Ги

Амнести Интернешнл започна петиција за ослободување на кинематографот Мин Хтин Ко Ко Ги, уапсен во Мјанмар по критикувањето на социјални мрежи на воениот нацрт Устав на земјата и улогата на војската во политиката.

Дехран Муратов

Share64TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ