• Latest

11 мај, вонредна состојба ден 53: Рускоска го обвини ВМРО за 27 април, партиите пред одлука за избори…

May 11, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 мај, вонредна состојба ден 53: Рускоска го обвини ВМРО за 27 април, партиите пред одлука за избори…

May 11, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сведоците покажаа дека протестите „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од ВМРО –ДПМНЕ

Денеска во Кривичниот суд на рочиштето за настаните од 27 април сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието Сашко Коцевски.

Обвинителката Вилма Рускоска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полиција, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. Од сведочењето на Коцевски, пак, рече таа, може да се заклучат два аспекта.

„Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така, не толку за тоа дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна“, појасни Рускоска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тачи: Многу е важно да имаме избори

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека во јуни треба да има избори. Тој на денешната прес-конференција истакна дека изборите се важни за да се заздрави економијата во наредниот период.

„Мислам дека после празникот Бајрам (н.з 24 мај) по 21, 22 дена да имаме избори. Многу е важно да има избори затоа што покрај оваа битка со вирусот ни претстои уште една голема битка, битка за економско опоравување на нашиот народ“, смета Тачи.

БЕЗ ФИЛТЕР: Кој тоа (не) бара избори?

Во пресрет на големата одлука за датум за предвремени парламентарни избори, Џабир Дерала потсетува, кој тоа бара избори, а постојано ги одложува…

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти и тоа по градови: Скопје 17, Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1 и Кичево 1.

*

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на КОВИД -19.

*

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

*

Комисијата за заразни болести и покрај најавите се уште не донесе одлука за олабавување на мерките.

*

Нови залихи на ФФП2 маски ЕУ испраќа денеска во Северна Македонија и Црна Гора од резервата на ЕУ на медицинска заштитна опрема.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Да се искористи олабавувањето на коронавирусот и стабилизацијата на пандемијата и да се оди на избори во средината на јуни, е ставот на претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ што се изгради на вчерашниот состанок во седиштето на партијата. Ставот ќе биде претставен на лидерската средба што ќе се одржи утре кај претседателот Стево Пендаровски.

*

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, се уште смета дека во моментот изборите не се прв приоритет. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека се за одржување избори ова лето, но за избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Прв и основен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, вели, е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за какви било датуми што ќе овозможат фер и демократско презентирање на политичката платформа.

*

„Ние не сме за одлагање туку сме за избори во реално време бидејќи свесни сме дека целиот овој процес е комплициран во ситуација кога Парламентот е разрешен, кога владата е привремена и сме кажале дека за условите за избори треба да се произнесат здравствените експерти. Има институции кои се компетентни да го кажат тоа, а ние сме подготвени како политичка партија“, изјави Теута Арифи во Утрински брифинг.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Отфрлање, осуда и барање за извинување од порталот на Љупче Златев

Со индигнација и остра осуда ги отфрламе инсинуациите, лагите, клеветите и скриениот говор на омразата во текстот „(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (2): Се претставува како невладин активист, а работи за СДСМ!“ објавен на порталот lider.com.mk на Љупче Златев на 9 мај 2020.

Нема потреба дополнително да објаснуваме, туку можеме само да констатираме дека ова е пример за тоа што не е новинарство.

Бараме извинување од lider.com.mk и од сите што го објавиле ова писание.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ја добивме „алката што недостасуваше“: човекот кој ја призна вината бил доверлив соработник на Мицкоски… Па, чекајте, нели Заев бил рекетарот?!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – И, сега, за чиј политички интерес рекетирал Кичеец?

„Тоа што требаше да бидат брзи предвремени парламентарни избори, се претворија во одложени. Пандемијата дополнително ги одложи изборите, но не и кампањата на Мицкоски и неговата партија. Но, сега кога се наближи времето за продолжување на изборниот процес и кога изборите реално може да се одржат веќе на средината на јуни, Мицкоски повторно бара одложување!“, пишува Џабир Дерала во денешниот рафал – Зошто Мицкоски не сака да излезе на избори?

 

 

 

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ