• Latest
Добро утро со Орданоски

И, сега, за чиј политички интерес рекетирал Кичеец?

May 11, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

И, сега, за чиј политички интерес рекетирал Кичеец?

May 11, 2020 06:51
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Мора многу да ги погодил објавениот разговор помеѓу Кичеец и Мицкоски, за опозицијата веднаш да превземе „ургентни мерки“ за ограничување на политичката штета со контра-објавата на кафеанските муабети на Заев. Од една страна, многу е интересно кој е ликот што го провоцира и го снима Заев во разговорот, за овој да „истресе“ неколку кафеански „зелени“ во неговиот познат „другарче“-стил, па на тоа да додава и непромислени ФБ-статуси од кои допрва ќе има политички штети; но, од друга страна, уште поинтересно е кој го снимал, а потоа и го објавил разговорот во трилингот Мицкоски-Кичеец-Алексовска, со што уште еднаш се потврдува дека лидерите на политичките партии немаат право на приватност дури ни за време на ручек, тренинг во теретана или кога оперативно координираат избори.

Точна е проценката на ВМО-ДПМНЕ дека разговорот меѓу Мицкоски и неговите партиски соработници е многу штетен за текот на аферата „Рекет“. Во неа тие вложија многу ресурси и уште повеќе надежи. Таа штета има неколку димензии…

Дури и пред оваа објавена снимка, секому му беше јасен, најблаго речено, проблематичниот кредибилитет на Кичеец во целата „заврзлама“ во „Рекет“. Откако судски се ислушаа сите докази и на обвинението и на одбраните, за голем дел од јавноста – за Обвинителството е предоцна – останува впечатокот дека, оригинално, се работи за добро разработена шема за обид за поткуп во СЈО во предметите во кои е имплициран наводно (подоцна) рекетираниот; но, кога тој обид не вродил со плод, направена е „заменa на тези“ со „помошното“ сценарио за наводно рекетирање. На таа „јадица“ се уловил првообвинетиот, со алчност со големина на сом-капиталец, а потоа со помош на домашни и странски безбедносни фактори и силна медиумска пропаганда, вешто е исконструиран правен случај со амбициозен обид за вмешување и на други, покрупни политички „сомови“.

Но, ваквото сценарио цело време стои на правни „кристални нозе“: во недостаток, како што се уверивме во судскиот процес, на уверливи материјални докази, сè е потпрено врз кредибилитетот и на обвинетите и на наводно оштетените и нивните спротивставени јас-реков-ти-рече сведоштва. Главниот (што би се рекло, “go-between”) оперативец во целата конструкција е токму Кичеец, кој побрза да ја признае вината и денеска шета на слобода.

Дополнително, Обвинителството, свесно дека сите докази со кои располага се, всушност, само посредни (додуша, некои од нив живописни) индиции за одредени постапки на актерите во случајот, се впушти во крајно контроверзна практика, па за случај што е во тек, даде стотина изјави и интервјуа во јавноста и пред и за време на судењето. Со таков медиумски притисок, поткрепен со низа документи скандалозно протечени во јавноста од доверливиот правен процес, Обвинителството прави обид, вон судската сала, колку што може повеќе да ги дискредитира главните обвинети – првообвинетиот и така е суперконтроверзна јавна личност – надевајќи се дека Судот, во недостаток на јасна доказна аргументација, при пресудата (белки од „морални причини“) вербата ќе му ја довери на обвинението, а не на одбраната. Во тој координиран напор се вклучи и целата партиска медиумска машинерија на опозицијата, растегната од Италија, преку Будимпешта, до „ексклузивецот“ од Македонија.

Тоа е контекстот во кој викендов објавената телефонска снимка го „осветлува“ Кичеец не само како долгогодишен оперативец на наводно оштетениот во „Рекет“, туку и како човек од доверба на Мицкоски (нешто што тој вехементно до скоро го негираше!) за извршување на чувствителни предизборни задачи. Кога на тоа ќе се додаде и ликот (и гласот) на партијката Слободанка Алексовска, поранешен висок функционер на опозицијата, плус нејзиниот сопруг, поранешен инспектор во МВР – а сите во еден подолг период и формално на платен список на наводно оштетениот во „Рекет“, кој е и финансиер на опозицијата – со објавениот разговор Мицкоски-Алексовска-Кичеец недвосмислено се „комплетира“ врската помеѓу опозицијата и аферата „Рекет“. Тоа е последното „тегче“ кое на аферата ѝ дава политичка, а не посакуваната правна тежина.

Ја добивме „алката што недостасуваше“: човекот кој ја призна вината бил доверлив соработник на Мицкоски… Па, чекајте, нели Заев бил рекетарот?!

Тоа е сегашниот проблем на опозицијата: зацврстувањето на впечатокот дека, од почеток, се работи за класична полициско-партиска ујдурма. Нејзин резултат требало да биде не само претставување на наводно оштетениот во „Рекет“ како невин бизнисмен малтретиран од системот (ерго, на тој начин третиран и во друг судски спор што се води против него), туку и дискредитација на СЈО и рушење на Заев од власт.

Што е право, „упокоеното“ СЈО никој во политиката не го сакаше, и оние кои се „крстеа“ во него и оние кои го проколнуваа. „Редовното“ Обвинителство, се чини, најмногу, кое во целата афера влезе со одмазднички широко отворено „грло во јагоди“.

Заради „напнатата“ конструкција на целата афера, но и заради другите вонредни општествени приоритети, првичниот набој на „Рекет“ прилично се распадна и моментно е со статус на „рекла-казала“ судски случај. Остануваат уште завршните зборови во судскиот процес, во кои нема да има ништо ново од она што до сега бледо се презентираше во обвинението, па и во одбраната.

Меѓутоа, до пресудата, можеби треба да се причека со заклучоците, оти сè некако ми звучи дека ќе има уште некоја снимка што ќе ги дорасветли мотивите за покренувањето на аферата – не толку за нејзините директни обвинети учесници, туку можеби повеќе за нејзините инспиратори, финансиери, пропагандисти и другата политикантска боранија. Тие меѓу себе постојано се снимале, си подметнувале, се пазарат и се местат, тоа е едно такво, морално гнило дагаууу-друштво, којзнае што допрва си токмат еден за друг.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ