Турција и Чешка го ратификуваа пристапниот протокол за НАТО
Со ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО од страна на Република Чешка и Турција остануваат уште осум земји кои во нивните парламенти треба да дадат зелено светло за членството на Македонија во алијансата.
Кејт Мери Брнс е новиот американски амбасадор во земјава
Кејт Мери Брнс е новата американска амбасадорка во земјава на местото на Џес Бејли. Таа ги предаде акредитивите на претседателот Стево Пендаровски.
Се обврза дека ќе промовира стабилност преку силни институции и ќе ги поддржува напорите во борбата против корупцијата. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно за просперитетна Северна Македонија, рече Брнс на церемонијата во вила Водно, потенцирајќи дека се радува што ќе може да научи за различностите, динамичната култура и историјата на земјава.
Болен легнал Сеад Кочан
Бизнисменот Сеад Кочан кој требаше да се пакува за во затворот „Идризово“, бидејќи на 17 јули треба да се пријави за издржување на казната затвор од 4 години и 8 месеци, е примен на лекување во болница.
Кочан за својата здравствена состојба денеска го известил и Кривичниот суд, но сѐ уште не поднел ново барање за одложување на издржувањето на казната. Кочан, спасот од затвор го бара и во Врховен суд, каде што бара вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Труст“.
Барања за деблокирање на медиумските реформи
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија.
Ги повикуваме претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување при Собранието на Република Северна Македонија да го отпочнат процесот за избор на членови на овие тела. Секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата.
Дехран Муратов