Груевски ослободен за „Траекторија“
Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, за изградба на кинеските автопатишта во земјава. Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.
Рамчиловиќ избран за нов потпретседател на Собранието
Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието го избраа незавинсиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ за нов потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Тој доаѓа на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мас: Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија
– Никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании
Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади
Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.
Три илјади денари младински додаток ќе им се исплаќа на лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Ова го предвидува Предлог-законот за младински додаток кој беше усвоен од Владата, а сега ќе биде доставен на усвојување во Собранието.
Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.
Владата со 50.000.000 денари ќе ги поддржи печатените медиуми.
Со повеќе активности денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот.
СКЕН – ПОЛИТИЧКИ ВИДЕО МАГАЗИН: ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: БРЗИ, НО ОДЛОЖЕНИ!
скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Ситуацијата во Република Северна Македонија е редовна. Тоа подразбира дека редовно имаме вонредни ситуации. Една од тие вонредни ситуации која редовно се повторува, се разбира, е македонскиот специјалитет – предвремени парламентарни избори.
МИСЛА
Скандалот наречен македонско образование
пишува: Сашо Ордановски
Мислам дека е првокласен општествен скандал што луѓето од економските сектори во владата и оние во самото стопанство постојано говорат за погрешниот образовен систем којшто се разви во државава во последните дваесетина години, а надлежното Министерство за образование и наука, како и огромната образовна фела во државава никако не успева да се мобилизира за да ја обмисли и конечно да ја покрене егзистенцијалната општествена образовна реформа!
Не сме далеку ни од неопходноста да се најмат меѓународни професионални фирми за барање работна рака низ светот – од Кина до Африка и арапските земји. Ама кај нас за десет влезени мигранти – паѓа владата! Овде ни келнери не сакаме ако немаат „исправно“ потекло. Што остана за анестезиолози, индустриски технолози или заварувачи… Ќе ни ја загрозат „семката“, којашто ние само што самите не сме ја пресушиле!
Дехран Муратов во соработка со: Диана Тахири, Џабир Дерала, Ангела Петровска, Маја Ивановска