Јовески: Ќе ги преземеме сите предмети на СЈО, „бомбите“ ќе се користат како докази
Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
„Ние ги преземаме предметите кои се во судска постапка, ги преземаме предметите кои се во фаза на истрага и предистрага. Познато е дека има веќе став на судовите дека тие докази ги прифаќаат како докази и ние ќе ги користиме натаму во постапката, но сепак разбирам дека одбраната може да има и поинакво гледање на нивната валидност и затоа судовите во конкретниот процес ќе носат соодветни одлуки“, истакна обвинителот Љубомир Јовески.
Државниот јавен обвинител очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.
Собранието утре во 13 часот ќе ја разрешува Катица Јанева
Претседателот на Сoбранието, Талат Џафери, за утре ја закажа пленарната седница со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Седницата ќе почне во 13 часот.
Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева: „Нека му е на чест“
Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.
„Мојот коментар беше оти од адвокатката Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предметите.
Агенција за обезбедување ќе ги чува најкритичните здравствени установи
Приватна агенција за обезбедување во критичните здравствени установи, мобилни полициски патроли пред старата Градска болница, се дел од договорените мерки утрово на состанокот меѓу министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски и претставници на здравствените лица, по неколкуте напади врз лекари.
Приведен е Љупчо Палевски во Белград
Љупчо Палевски – Палчо е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.
Партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“ се оградија од Палевски и нагласија дека нема да застанат во негова одбрана, ако се докаже дека е крив.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СДСМ: Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО
Јанушев: Незаконското и насилно преземање предмети од СЈО ќе креира анархија
Од 2,5 до 5 000 евра ќе добијат 16 општини за имплементација на Стратегијата за Ромите
Заев: Како земја аспирант за ЕУ мора сериозно да се бориме против сивата економија
Манчевски: Новинарите се новите борци за слобода и заштитен механизам
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Голем интерес за конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи, има само 120 места
Лидерите на политичките партии со по седум минути, а нивните претставнички и претставници, доколку лидерите се спречени, со по три минути, ќе настапат на големата Конференција за изборни реформи: Перспективите на македонските избори што ја организира ЦИВИЛ на 25 септември, во хотел Континентал, со почеток во 12 часот.
На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем. Деталната програма, како и листата на говорници ќе биде објавена на 18 септември.
Д. Муратов