• Latest

14 февруари: Луј Витон, лоши глумци и лоши политичари во Собрание, 3 милиони патни трошоци за 23 пратеници и верба во изборите…

February 14, 2020
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

14 февруари: Луј Витон, лоши глумци и лоши политичари во Собрание, 3 милиони патни трошоци за 23 пратеници и верба во изборите…

February 14, 2020 19:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Конечно започна маратонската собраниска седница за ЈО, крајот неизвесен 

Во Собранието за денеска беа најавени две седници. Во 11 часот требаше да започне седницата за Законот за Јавно обвинителство, во 15 часот беше најавена седница за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и за измени во Изборниот законик.

Првата седница започна со задоцнување поради консултативната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со пратеничките групи. Со самиот старт на седницата започнаа процедурални препукувања по партиска основа, а не дискусија за Законот за Јавно обвинителство. Прва пауза беше дадена по барање на пратениците по ВМРО-ДПМНЕ. Следната пауза беше побарана за од пратеничката Емилија Александрова од независната група на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за смирување на страстите меѓу пратениците, веднаш по соочувањето меѓу Антонио Милошоски и Крсто Мукоски.

Ситуацијата ескалираше кога Милошоски обвини дека Мукоски добил тендер од Владата и праша дали уште е терорист за СДСМ, а Мукоски одговори со уште поостри обвинувања кон Милошоски.

Тој го нарече криминалец и додаде дека таквите како Милошоски ја држат во заложништво партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мукоски го обвини Милошоски дека ја поттикнал толпата на 27 април да влезе во Собрание.

„Добро е да се види нервозата. Вие, колега Милошоски, ќе ни зборувате за правда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки“, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.

Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, да ги предаде бомбите за кои тврди дека ги има во обвинителството, бидејќи не се веќе правосудните институции како во време на ВМРО-ДПМНЕ и „Сваровски“ судството.

“Сите оние кои се засегнати во случаи, обвинети, дали се во истражна постапка или не да не учествуваат во расправа за овој закон”, изјави Даниела Рангелова на денешната седница во Собранието за Законот за Јавно обвинителство.

Мизрахи и Изборниот законик на иста седница, веднаш по гласање на Законот за ЈО, но постои можност да се одложи со оглед на големиот број пријавени говорници.

БЛИЦ: Кога лошите глумци се и лоши политичари

Џабир Дерала: Лошиот актер и политичар Јовановски, секако, не заслужува да биде коментиран посебно. Но, неговиот патетичен и празен настап на говорницата е, на некој начин, добра илустрација за „аргументацијата“ на Илија Димовски и пратеничката група што сѐ уште ја држи под контрола.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска: Секој денар да се цени рационално, речиси 3 милиони евра за пет години се огромни пари!

„Сите сме сведоци дека ние не сме многу богата држава, напротив. Како и дека многу тежат капките пот на луѓето коишто двојат средства во буџетот на државата. Секој денар треба да се цени рационално и така и да се троши. Да не не сфатат погрешно, ние немаме намера да ограничуваме нечие право. Туку во рамките на можностите на државата спрема одредена методологија за утврдување на правото и за висината на надоместоците да се утврди најрационално користење на буџетските средства со што на пратениците би им се овозможило да функционираат и да доаѓаат до Скопје. Но, сепак тоа да биде во некои ограничени рамки. Да не се тоа олку големи износи на средства, затоа што близу 3 милиони евра за четири – пет години се огромни пари! “, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Дежа ву на политичката предизборна сцена

За ВМРО-ДПМНЕ и неговите технички министри, ништо не значи тоа што некој апелира, бара, инсистира да не се малтретира ДИК со беспредметни барања и да се остави во рамките на своите ингеренции, а и ресурси, какви-такви, да работи тоа што ѝ е работа…

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

23 пратеници со станови во Скопје наплаќаат патни трошоци

На денешната 27 седница на Државната комисија за спречување на корупцијата беше презентиран извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година кој покажува дека пратениците во период од 5 години потрошиле 2.895.605 евра.

ДКСК констатира и дека во анализираниот период, 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

„Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп. Исто така, со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорте за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, на пример без разлика на местото, на локацијата и површината на станот, сите подеднакво земаат по 400 евра надомест, плус 100 евра надомест за режиски трошоци“, изјави Катица Николовска, членка на ДКСК.

Дескоска нема конфликт на интереси за членството во Венецијанска комисија

„Со самиот начин на којшто е регулирана работата на претставниците во Венецијанската комисија, членовите не даваат мислења и не учествуваат во работите кои се однесуваат на земјите од кои доаѓаат“, изјавија членовите на Антикорупциска на денешната седница на ДКСК.

ДКСК ја отфрли претставката како неоснована, а не е утврден прекршок ниту во начинот на предлагање на Дескоска како претставник на Северна Македонија во Венецијанската комисија.

Заев: Верувам дека законите ќе се донесат, Собранието навреме ќе се распушти и изборите ќе се одржат на 12 април

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, дека Собранието навреме ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

„Верувам согласно своите деловнички права коишто ги имаат ќе дадат шанса сите овие законски решенија да бидат завршени со својата дискусија, да бидат завршени со својата дискусија, да бидат гласани и после тоа да се распушти Парламентот“, истакна тој.

Тој потенцираше дека СДСМ има сериозен, голем и уникатен коалициски капацитет заради концептот едно општество за сите.

„Заради храбри одлуки коишто ги донесовме во минатото и нема да оставиме тоа да не го искористиме нормално се во функција на сериозна победа, сериозен чист мандат којшто ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада во следниот четиригодишен мандат заради тоа што претстои сериозен процес на вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата3, додаде Заев

56. Минхенска безбедносна конференција

На 56. Минхенска безбедносна конференција како претставници на нашата земја учествуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за надворешна политика Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Предвидено е Пендаровски попладне да говори на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

Димитров, пак, денеска во Минхен го започна своето учество на Минхенската безбедносна конференција со обраќање на панел дискусијата „Градење општествена издржливост во европското соседство”.

„Не постои друг начин Европа да ја задржи својата лидерска улога во регионот и да биде партнер на кого му се верува, освен преку интегрирањето на земјите кои не само што се веќе географски и културолошки дел од неа, туку и курсот на своето политичко дејствување го усмеруваат кон европскиот модел”, изјави Димитров на панелот.

Министерка за одбрана ќе говори на панелот „Нарушување на перцепцијата за подобро лидерство”. Во рамки на конференцијата Шекеринска ќе учествува на неформалната средба на министрите за одбрана која ја организира германската министерка Анегрет Крамп-Каренбауер.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ утре ќе одржи обука за дел од долгорочните набљудувачи за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. Во меѓувреме, уште трае повикот за краткорочни набљудувачи кој трае до 20 февруари до 12 часот.

ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)

СЛОБОДНА ЗОНА

Аман, Собрание, распушти се! – повикува Сашо Орданоски: Бројчано и персонално произведен од травестијата на последните избори кога, со тешка мака, се рушеше „Бастиљата“ на минатата власт – „диктатура“, „режим“, „автократура“… одберете квалификатив по сопствено наоѓање – Собранието помина низ, убедливо, највалканиот период на македонската политика, од осамостојувањето до денес.

Првиот сигнал од поновото дипломатско време ни го пренесе поранешниот македонски претседател Георге Иванов. Во општата гужва на некаков голем меѓународен собир во САД, тој овде ни ја пренесе содржината од неговото видување со најмоќниот светски политичар… Европа ни испраќа Сигнали. Нашите уште дремат меѓу кориците на тетратката со домашни задачи што ни ја остави германскиот експерт Рајнхард Прибе. – од корнер Зоран Иванов.

Победата против свеста и совеста на луѓето е победа на криминалот – рафално од Џабир Дерала: Со години се напаѓаат фундаментите на и онака разурнатиот правен поредок, а преговорите за законот за јавното обвинителство се само една завршна епизода на борбата на криминалните структури против правната држава и демократијата воопшто. Криминалците не можеа да се помират со поразот што го доживеаја од Шарената револуција. Парламентот е едно од нивните важни упоришта.

Биљана Јордановска

Во соработка со Маја Ивановска, Арбен Зеќири, Дијана Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ