14 лица беа повредени откако руски ракети го погодија градот Запорожје на 13 јули, се вели во објавата на Телеграма од Канцеларијата на јавниот обвинител, пренесува Укринформ.
„На 13 јули војската на земјата агресор пукаше кон инфраструктурата на Запорожје. Ракети погодија едно од индустриските претпријатија. Според прелиминарните податоци, 14 лица се повредени“, се вели во извештајот.
Под процесно водство на Регионалното обвинителство на Запорожје, започната е предистражна постапка како дел од кривичната постапка за прекршување на законите и обичаите на војната (Дел 1 од член 438 од Кривичниот законик на Украина).
Подготви: Д.Мишев