Заев ќе разговара со Мицотакис за Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ
Премиерот Зоран Заев рече дека претстојниот НАТО самит и имплементацијата на Преспанскиот договор секако ќе бидат дел од темите на кои ќе разговара денеска во Солун со Мицотакис, иако станува збор за учество на економски форум.
Заев: Соработката со Русија не значи алтернатива за ЕУ и НАТО
Реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка, истакна премиерот Зоран Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје. На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев потенцира дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.
Сведок за „Титаник“: На три адреси пријавени повеќе од 100 луѓе од Пустец
Со сослушување на сведок вработен во Полициска станица Ресен, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.
Сведокот Агрон Кранлиевски, на прашање од обвинителката Лиле Стефанова, рече дека од 2012 година му биле дадени за вршење на проверки повеќе од 100 луѓе на три адреси.
Азески: Пржинскиите влади го изместуваат нормалното функционирање
Потребен е вистински дијалог за секое прашање со бизнисот, сериозност во тој процес од двете страни и предвиливост на бизнис климата, а не изместување на нормалното функционирање со формирање техничка влада според Пржинскиот договор три месеци пред изборите. Треба да се каже до кога ќе важат таквите одредби, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Демократските општества на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести
Демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести. Оттука најголемиот предизвик за општествата е како да се справат со злоупотребите, без притоа да ја загрозат слободата на изразување. Поради тоа медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество. Ова се заклучоците на дводневната конференција „Денови на медиумска писменост 2019“ што се одржува во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Работата на Дирекцијата за заштита на лични податоци пред блокада
Политичките надмудрувања на најголемите политички партии во Парламентот, несакањето и неможноста да се најде компромис за главен ревизор и повеќе други раководни функции го доведуваат во прашање функционирањето на Државната ревизија, пред блокада е Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), а граѓаните и невладините организации не можат да ги остварат своите права по основ на добивање информации од јавен карактер или дискриминација. Испразнети или треба да се пополнат местата и во други тела како АВМУ, МРТВ…, но за тоа треба да се состане собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во која мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Владата денеска преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оцени како неприфатливи и недозволиви.
Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат животните. За оваа намена, АХВ обезбеди 100.000 микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните.
Во државата има услови, политичка волја и посветеност од сите за економски развој во кој клучни ќе бидат младите кои треба да останат тука и да ги искористат можностите за личен и за општествен развој. Неопходно е продолжување на борбата против корупцијата, целосно владеење на правото, доследна примена на законите. Бизнисите од своја страна треба да го креваат гласот и да даваат иницијативи, беше порачано на отоврањето на осмиот Самит Македонија 2025.
СКЕН – ПОЛИТИЧКИ МАГАЗИН: Изборни реформи без реформи
Изборните реформи како предуслов за спроведување на слободни и демократски избори со еднаква шанса за сите подразбира целосно менување на досегашниот Изборен законик, кој подразбира и промена на изборниот модел.
МИСЛА
А да ја одмориме кокошката и да се зафатиме со јајцето?
пишува: САШО ОРДАНОСКИ
Начинот на кој темелно се искорумпира судството во изминатите три децении, со виртуозната мортална завршница во времето на владеењето на Груевски, беше неопходен процес за да се спроведе редистрибуцијата на моќта, а со тоа и на капиталот во државата. Според тоа, нашиот примарен проблем е во тоа како, во политиката, се стекнува и како се дистрибуира моќта, па дури потоа како се раздава правдата во државата…
Сликички од галеријата на мракот
пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
„Ноќта на долгите ножеви“ пред Државната изборна комисија во 2016-та… Транспарентите со крстови и умреници за амбасадорите и за нивните колеги во парламентот… „Тиранска платформа“… „Стоп операција Сорос“ (само што „воскресна“ повторно)… Стотици поворки, составени од малку луѓе и клупи откорнати од Паркот на Жената… Теророт и обидите за атентат врз пратеници и политички лидери на 27 април 2017… Офанзивата против Преспанскиот договор… Офанзивата против договорот за пријателство со Бугарија… Да набројувам ли уште? Листата е долга.
Дехран Муратов во соработка со: Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Ангела Петровска