• Latest

16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата

December 5, 2017

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата

December 5, 2017 16:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството врз жените, според Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство, подразбира кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство, коишто веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените. Насилството насекаде претставува огромен проблем, и решението за истото, иако треба да биде доста едноставно, сепак сведоци сме дека не е така. За жал, голем дел од жените и девојчињата, ширум светот, се жртви на насилство и многу често, тие како жртви го прекинуваат тој круг на насилство многу доцна или воопшто не го прекинуваат од причина на срам или поголем страв. На годишно ниво се организираат различни активности и настани кои би овозможиле поголемо будење на свеста кај луѓето, иако тоа би требало да го знае секој од самиот момент од кога станува свесен за себеси.

За таа цел, овогодинешната Кампањата „Шестнаесет дена активизам против родово насилство“, во организација на Обединетите нации, и во соработка со институциите во Македонија, која се оддржува низ различни градови во Република Македонија, има за  цел да ја подигне свеста на меѓународно ниво, и да се раздвижат активностите за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата во светот. Почетокот на оваа кампања беше одбележан на 24 ноември во Собранието на Република Македонија, каде обраќање имаа Претседателот на Собранието Талат Џафери, Претседателот на Владата Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата Луиза Винтон. На почетниот настан во Собранието, Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, изјави дека борбата против родовото базирано насилство е задача на институциите, но не и само нивна, туку дека е борба на заедницата во целина, бидејќи последиците од поеднинечните акти на насилство се рефлектираат врз целото општество.

Кампањата овозможува да се реализираат работолници во различни училишта низ Македонија, и последната, која се оддржа вчера во Кичево, беше на тема „Препознавање и заштита од родово базирано насилство“. Работолниците се организираат од женската иницијатива „Антико“, и граѓанската активистка Валдете Адили изјави дека насилството е еден од главните механизми кој влијае на одржувањето на нерамноправната положба меѓу половите и ги држи жените под контрола.

„Сепак, насилсвото е истовремено и машко односно општествено прашање во кое треба да имаат водечка улога и мажите со цел да се носат вистински одлуки за промени и вредности на универзалноста на човековите права“, рече Адили.

Претходно вакви работилници се одржаа и во училишта и во Тетово, Гостивар, Јегуновце, Делчево и Пробиштип.

Со оваа кампања, „Антико“ дава поголем и поактивен придонес за еден побезбеден свет и достоинствен живот без насилство и почитување на правата на секоја индивидуа, и истата ќе трае до 11 декември.

Ангела Петровска 

Tags: @активизамкампањанасилствоПрава на жени
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ