• Latest

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

Министерството за образование и наука (МОН) треба да вметне дел од историјата на Ромите во наставните планови и програми за основно и средно образование, вели Чупи.

May 16, 2025 11:12
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 16 мај, се одбележува Денот на ромскиот отпор – ден на сеќавање и чест на храброста на Ромите кои се кренаа на бунт против нивното планирано погубување од нацистичкиот режим во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во 1944 година за време на Втората светска војна.

Во текот на Втората светска војна, илјадници Роми беа депортирани, затворани и систематски уништувани од нацистичката машинерија. Еден од најмрачните симболи на тој геноцид беше т.н. “Зигунајгерлагер” – ромскиот дел од логорот Аушвиц-Биркенау, каде што беа затворени околу 23.000 Роми, од кои повеќето никогаш не се вратија.

На 16 мај 1944 година, свесни дека ќе бидат убиени, ромските затвореници од логорот се спротивставија на нацистичките војници. Иако не успеаја да ги променат текот на настаните, нивниот отпор останува симбол на достоинството, храброста и борбата за живот дури и во најмрачните времиња.

Од Кабинет на министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, велат дека сеќавањето на 16-ти Мај нè потсетува дека нема сила толку разорна што човештвото не може да ѝ се спротивстави. Овој ден, познат како Ден на отпорот на Ромите, ја симболизира истрајноста и храброста на ромскиот народ, како и нивната борба за достоинство, живот и опстанок за време на Втората светска војна. Тој нè потсетува на едно мрачно поглавје од историјата, кога цели заедници беа систематски прогонувани и уништувани.

Терминот „Porrajimos“, кој на ромски значи „распарчување“, е силна метафора за холокаустот и страдањата на Ромите, но и за длабоко вкоренетата сегрегација и насилство на кои беа изложени под нацизмот.

„И покрај значењето на овој ден, тој останува речиси незабележан. Денес, кога различноста, мигрантскиот статус или припадноста кон ромската заедница сè уште се причини за стигма и отфрлање, важно е да се потсетиме на нашата морална обврска. По 81 година, имаме должност да се спротивставиме на сите форми на кршење на човековите права, да го осудиме антициганизмот како специфичен облик на расизам, како и секој говор на омраза и дискриминација што нема место во едно вистински демократско општество“, соопштија од Кабинет на МИСР.

Директорот на РЕФ (Roma Education Fund), Реџепали Чупи на својот Фејсбук профил објави дека денешниот датум (16 мај), е уште еден во низата значајни датуми од нашата историја.

„Датум за кој до неодамна воопшто или многу малку се говореше. Треба повеќе да зборуваме, едуцираме и подигнуваме свест за злосторствата против нашите претци почнувајќи од нашиот потесен круг (семејство, роднини и пријатели) па кон пошироката јавност и авторитетите од кои се очекува и бара должно внимание, вклучувајќи го и Министерството за образование и наука (МОН) за вметнување на дел од историјата на Ромите во наставните планови и програми за основно и средно образование. Никогаш да не се заборави. И никогаш да не се повтори“, заклучува Чупи.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ