ВЕСТ НА ДЕНОТ: Констатиран прекинот на мандатите на обвинителите на СЈО, се враќаат во матичните обвинителства
Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева. Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.
Јанева по СЈО разрешена и од ОЈО Гевгелија
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.
Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира
По одлуката на Советот, на потег ќе биде јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој, доколку одлучи, има можност на обвинителите кои до сега ги водеа предметите да им ги додели повторно.
Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил го објави својот тим. Машкиот дел од тимот го советуваше и нејзиниот претходник Драган Тевдовски.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Агенција Европа, предупредува за ризиците кои и се закануваат на Северна Македонија доколку ЕУ не додели датум за старт на преговори во октомври.
Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи, порача денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
И Хелсиншки комитет најостро ги осуди ваквите известувања и создавање на текстови и изјави кои жените ги ставаат во подредена позиција и го повредуваат начелото на рамноправност помеѓу мажот и жената.
Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, денеска се одложи поради здравствени проблеми на еден од обвинетите, следното рочиште на 15 октомври.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ организира Конференција за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“, во Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот.
ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари, а во тек е и пријавувањето на заинтерсираните за првиот што ќе се одржи во Штип. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“.
ЦИВИЛ утре со почеток во 11 часот, кај кафулето „Гарсон“, во центарот на Скопје, организира инфо-штанд посветен на промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационалзмот.
Анкета на ЦИВИЛ Медиа
Власта и опозицијата ќе мора да се договорат, вака веќе не оди. Доколку не се договорат тогаш ќе мора да се бара трета опција, вака веќе не може, не бива, вели еден граѓанин во Старата скопска чаршија, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – дали власта и опозицијата ќе успеат да се договорат за СЈО?
МИСЛА
Ѓубрето во нас
Конечно, на сликата се забележува и еден зрел македонски патлиџан кој паѓа од височината на десеткатница во скопската општина Аеродром кој се распрснува пред вашите нозе и во миг се претвора во метафора. За едно ниво на свест, за еден погубен провинциски менталитет, за една примитивна сељачана која сè уште верува дека хигиената е заразна болест, пишува Милан Банов.
Како настанаа азиските економски тигри?
По уривањето на Берлинскиот ѕид, „азиските економски тигри“ почнаа засилено да инвестираат во посткомунистичките земји од централна и источна Европа, со цел да послужат како мост за настап на богатиот пазар на ЕУ. Доколку во тоа време, Балканот не беше зафатен со војни и доколку балканските земји имаа лидери со визија, азиските економски тигри, своите инвестиции, поради географската положба, ќе ги насочеа на Балканот, а не во централна и источна Европа, пишува Коста Стоименовски.
Ангела Петровска