ВЕСТ НА ДЕНОТ: Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок
Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
Tимот на Специјалното јавно обвинителство е разрешен и обвинителите се враќаат во матичните основни јавни обвинителства, a нивните предмети сега ја чекаат одлуката на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило
Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило. Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандат треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост, јавува МИА.
Северна Македонија си ја заврши работата и сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на зедничката прес-конференција во Владата со премиеропт Зоран Заев.
Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Собранието на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се формираше Иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и 1 независен пратеник.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА.
ЦИВИЛни активности
ЦИВИЛ организира Конференција за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“, во Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот.
ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари, а во тек е и пријавувањето на заинтерсираните за првиот што ќе се одржи во Штип. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“.
ЦИВИЛ одржа инфо-штанд во 11 часот, кај кафулето „Гарсон“, во центарот на Скопје, посветен на промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
МИСЛА
Здравството – социјална или бизнис категорија
Не е тајна дека во фармацијата постои мафија, почнувајќи од Светската здравствена организација, па се до поделните земји! Крајно време е фармацијата во нашата земја дефинитивно да се стави во функција на интересите на граѓаните, а не на бизнис интересите на газдите на компаниите! Тоа може да се постигне со пропишување на максимална маржа за лековите и за помошните медицински средства и со транспарентни тендери за нивната набавка, пишува Коста Стоименовски.
Ангела Петровска