• Latest

18 мај, вонредна состојба ден 60: Неуспешен втор обид за датум за избори, 25 нови случаи на КОВИД-19 и тројца починати…

May 18, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

18 мај, вонредна состојба ден 60: Неуспешен втор обид за датум за избори, 25 нови случаи на КОВИД-19 и тројца починати…

May 18, 2020 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Нема договор за датум за избори по лидерската средба

Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски заврши без договор за датум за изборите. Главна пречка за непостигнувањето договор се различните ставови на најголемите македонски политички партии.

Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.

ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Мицкоски лаже и врти во матно

„Прво морам да ја искоментирам изјавата на Мицкоски кој се извини за лидерската средба, која се направи по негово барање, а по негово барање истата и се одложи. Како што веќе слушнавте за жал не се постигна договор иако сите податоци укажуваат дека се создадени услови. Тоа го потврдуваат и препораките на Комисијата за заразни болести, ОБСЕ/ОДИХР. Однесувањето на Мицкоски е на штета на граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да креираат нова политичка криза. Тоа ние нема да го дозволиме! На граѓаните им треба враќање на новото нормално!“, изјави Зоран Заев.

Тој додаде дека очекува да се подготват сите процеси на институциите за изборите, пред се на ДИК.

„На денешниот состанок Мицкоски не кажа како да се свика Собранието. Не спомна ниту нешто за напуштање на владата која е техничка и формирана за избори. Затоа според нас ова е само купување на време заради неспремност, односно страв да се излезе на избори“, истакна тој.

„Кандидатските листи се одобрени и прифатени од ДИК. Изборите се утврдени и закажани прашањето е дали има желба да учествува на истите. Сите услови се исполнети“, објасни Заев.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА:

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, од Скопје 7 и Прилеп 1.

*

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на КОВИД-19.

*

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

*

За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара денеска на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата. Одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.

*

Во попладневните часови на 17 мај 2020 година (недела) извршено е тестирање за КОВИД-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат, информираат од Кабинетот на Пендаровски. Членот на обезбедувањето на претседателот е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место на 11 мај 2020 година (понеделник).

ФЛЕШ ВЕСТИ:

Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со неа се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој.

*

Премиерот Оливер Спасовски претпладнево на својот фејсбук профил посебно ја акцентира планираната поддршка за земјоделството која е дел од третиот владин пакет економски мерки за помош на стопанството. Мерките, меѓу другото, предвидуваат поддршка на аграрниот сектор од пет милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање 50 отсто од зелената нафта и стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.

*

Рочиштата за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.

*

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19.

*

Денеска претпладне, почна уривањето на нелегално изградениот ѕид кај авто-кампот во Градиште, објави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот Фејсбук профил. Уривањето дојде само еден ден откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од дивоградбата, а градоначалникот Константин Георгиески кажа дека инспекторите издале налог за рушење уште пред два месеца.

СЛОБОДНА ЗОНА:

„ Не е тешко да се разбере зошто опозицијата не сака избори, ни брзи ни небрзи. Таму се вклучени сите можни предизборни „аларми“, а стратегијата којашто лесно се наѕира е следна: за да имаат штогоде шанса за изборите, мора да се дискредитира Филипче! Да цитирам: од „принц“, да се претвори во „џелат“. Од минатата недела, во партиските соопштенија името на Филипче упадливо се „лепи“ до името на Заев, бидејќи тој им е далеку полесна „подвижна мета“, за тоа да е „мостот“ по кој изборно ќе се пренесе јавноста „жедна преку вода“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Доста драма, дајте малку мелодрама!

Маја Ивановска во соработка со Дијана Тахири и Арбен Зеќири

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ