ВЕСТ НА ДЕНОТ: Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена
Кривичниот суд денеска и го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок. Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Се слушаат гласовите на Јанакиески, Јанкуловска и Камчев на рочиштето за „Монструм“
Во досегашните разговори кои се преслушуваат на денешното рочиште за случајот „Монструм“ се слушаат гласовите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Коце Трајановски, Јордан Камчев, Оливера Трајковска, но и гласовите на гатачката и секретарката на Никола Груевски.
Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите
Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, како резултат на серијата напади кои се случија во изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини.
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на СЈО, продолжува на 4 октомври, откако на денешното рочиште беа сослушани 25 снимени разговори.
Република Северна Македонија ќе биде следната 30-та земја членка на НАТО и процесот на интеграција е во крајна фаза и не се очекуваат проблеми со ратификацијата во која било од земјите членки, истакна портпаролот на Владата, Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција.
Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција и дека ќе ја плати казната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози.
Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Ова се слушна во прислушуваниот телефонски разговор од 14 март 2013.
„Суштината на СЈО беше да се процесуираат сите предмети кои всушност беа отворени од нивна страна и со сите овие политички случувања во оваа ситуација, се успеа некако во таа намера да се спасат предметите, односно да прецизирам, ВМРО-ДПМНЕ не успеа во нивната намера да ги амнестира криминалците во нивните редови, со цел да пропаднат предметите на СЈО. Има извесност на предметите, тоа е во суштина правната држава и очекувам дека одговорност ќе има за секој кој се огрешил пред законите“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, за ЦИВИЛ Медиа.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Анкета: Имаме црвен аларм дека сè е загадено!
„Имаме црна иднина, бидејќи сме опколени со премногу згради, во градот нема зеленило нема воздух, имаме премногу возила, дефинитивно имаме црна иднина“, вели една граѓанка во центарот на Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква иднина ја очекува државата, зелена или црна?
Уште неколку слободни места за семинарот „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“
ЦИВИЛ најавува нова серија регионални семинари во рамките на проектот Граѓански објектив. Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Првиот семинар од серијата ќе се одржи во Штип, а пријавувањето е веќе започнато. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“.
ЦИВИЛ во општините Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Новаци, Могила и Прилеп, утре и задутре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Хајрих Бел, Сараево.
Ангела Петровска