ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уште двајца обвинители од СЈО ќе продолжат да ги застапуваат предметите
Поранешните обвинители во СЈО Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“. Пред Донев и Јосифовска, уште тројца поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.
СДСМ ги повика сите пратенички групи да го поддржат ребалансот на буџетот со кој се субвенционира растот на платите
Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ, на прес конференција, денеска ги повика сите пратенички групи во Собранието на РСМ да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2019 година кој, според владејачката партија, обезбедува нови придобивки за граѓаните. Според СДСМ, просечната плата порасна за 3,5 отсто. Се бележи раст на БДП од над 3 отсто во првите два квартали од годинава. „Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто“, соопшти Митрески.
„Талир 2“ одложен за 15 октомври
Судењето за предметот „Талир 2“ се одложува за 15 октомври со цел да се доуреди полномошното на адвокатите. Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е Ленче Ристоска од ОЈО Скопје. Судијката Стојановска, ги извести присутните дека се сметаат за уредно повикани и за наредна расправа да се уреди полномошното и да се повика претставник на ВМРО – ДПМНЕ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со генералниот директор на ОЛАФ, ВИле Итала, каде зборувале за интензивирањето на соработката меѓу Северна Македонија и Европската канцеларија за борба против измамите (ОЛАФ).
Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација.
Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? – е главното прашање што, во името на СДСМ, ги упати Костадин Костадинов на прес конференција.
Алоцирање на средствата онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми економски ефекти, е целта на предложениот ребаланс на Буџетот, што од денеска е на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
На првиот консултативен состанок на Акциската група за координација на државните институции за борба против дезинформации и напади на демократијата присуствуваа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри и други високи претставници од институциите.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, која ќе се одржи на 20 септември, во салата на Градската библиотека – Борка Талески, Прилеп, со почеток од 13 часот.
Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.
ЦИВИЛ во општините Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Новаци, Могила и Прилеп, утре и задутре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Хајрих Бел, Сараево.
ЦИВИЛ најавува нова серија регионални семинари во рамките на проектот Граѓански објектив. Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Првиот семинар од серијата ќе се одржи во Штип, а пријавувањето е веќе започнато. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“.
МИСЛА
Рентата на раскалашениот Хорхе
Безгласната буква во машинеријата на криминалната Фамилија на Груевски, човекот што го споредувавме со украсно растение што се тава во ќошевите по домовите. Или Хорхе, за што се мисли дека е по ликот од комедијата на Монти Пајтон, иако генезата на прекарот е посериозна. Еден мој колега од медиумите го нарекол така, затоа што првиот мандат го доби во стилот на наместените избори во јужноамериканските диктаторски држави, пишува Џабир Дерала.
Право? Правда?
Еден поранешен претседател во една прилика ми рече: „Правниот факултет е извор на сите проблеми во државава“. Не знам дали е така (малку апокалиптично звучи), но и според моево искуство (не само од горните два примери) и од наодите на Прибе, а и од тоа што сите го гледаме секој ден во правосудниот ни систем, дури и ако не прави проблеми (а прави), јасно е дека не продуцира многу решенија на проблемите, пишува Александар Кржаловски.
Ангела Петровска