• Latest

2 јануари: СДСМ спремни за техничка влада, заштитена дипломатска служба, новиот Закон за правосудство стапи во сила….

January 2, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 јануари: СДСМ спремни за техничка влада, заштитена дипломатска служба, новиот Закон за правосудство стапи во сила….

January 2, 2020 17:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Костадинов, СДСМ: Спремни сме за техничка Влада, ВМРО-ДПМНЕ да предложи кандидат според Уставот

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека се спремни за избор на техничка влада на утрешната собраниска седница.

Тој преку прес конференција го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложи кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот.

Заев: Новото законско решение за амбасадори, во иднина ќе ја штити дипломатската служба

„Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само пет се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (седум вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија“, напиша Заев на Фејсбук.

Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80 отсто, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството.

Новиот Закон за правосудниот испит стапи во сила

Со новиот Закон за правосудниот испит што почна да се применува од 1 јануари годинава се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит. Со новините, меѓу другото, се укинува електронскиот начин на полагање на испитот и се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија, врз основа на објективни мерила и критериуми за процена на знаењата на кандидатите.

Донесувањето на Закон за правосуден испит произлезе од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.

СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер на МВР

СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер на МВР да биде Наќе Чулев, со која, како што велат од пратијата, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение.

Инаку како поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, во 2016 година молчеше пред јавно поставеното прашање зошто не го пријавил станот од 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во својот анкетен лист. Одговорност сѐ уште нема, а истиот Наќе Чулев сега е вториот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Припадниците на Посебната единица за поддршка ја добија специјалната полициска опрема

Лимитот за плаќање во готовина зголемен од 500 на 3000 евра, со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Измените беа усвоени по скратена постапка на собраниската седница одржана на 27 декември, а се по иницијатива на група пратеници

Министерството за економија и во 2020 година ќе продолжи со субвенционирањето на приватните претпријатија за подобрување на нивната конкурентност, како и на граѓаните за подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови и за заштита на животната средина. За таа намена годинава се издвоени 185 милиони денари.

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) соопшти дека 2019 година ја заокружува со рекордна реализација од 99,97 отсто на предвидениот буџет наменет за финансирање на домашните компании и останатите корисници на средства од инструментите на Фондот.

МИСЛА

„Постојано имаме инциденти меѓу граѓаните и локалните власти околу појавата на окупирање на зелените површини и места каде се задоволуваат заеднички потреби, за да таму набргу никнуваат згради наменети за пазарот. Во тоа, постои континуитет – градежното земјиште е едно од последните подрачја каде транзицијата не е завршена, односно каде е возможно лесно богатење преку купувањето на државно земјиште по бенефицирани цени а потоа продавање на граѓани или правни лица по високи цени – Корупцијата или екологијата, пишува Љубомир Костовски.

Б. Јордановска

во соработка со Дијана Тахири, Љубомир Костовски и Џабир Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ