• Latest

2 јули: Оставки нема, тужби ќе има, штрајк со домашна храна…

July 2, 2019

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 јули: Оставки нема, тужби ќе има, штрајк со домашна храна…

July 2, 2019 16:53
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Рашковски нема да поднесе оставка – ќе тужи повеќе лица и портали за навреда и клевета

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски призна дека е негов гласот на објавената снимка и нагласи дека нема да поднесе оставка. Тој најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, разрешениот директор на техника во М-НАВ,  како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев, Ирена Радовановиќ, Валон Беља, и партијата Беса.

Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

Рашковски ги објасни деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор, им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор.

Заканите на Рашковски – директен притисок врз медиумите

Во врска со изјавата на генералниот секретар на Владата дадена на денешната прес-конференција дека ќе покрене тужби против новинари и медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека ваквите постапки преставуваат директен пристисок врз работата на медиумите.

Како што е наведено во Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа: „јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Миле Јанакиески штрајкува со домашна храна

Екс министерот Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад во истражниот затвор Скопје, каде што од петокот се наоѓа во притвор, одреден за најновиот предмет на Обвинителството за организиран криминал и корупција, односно за продажба на државно земјиште.

Адвокатот Еленко Миланов за „Фокус“ појасни дека Јанакиески е револтиран поради одредениот притвор.

Од управата на затворот ја потврдија информацијата дека Јанакиески ја одбивал затворската казна, но дека не ја одбил онаа што му била донесена од дома.

Филипче: Донесен е новиот Закон за прекинување на бременоста

„Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе. Волјата на жената е на прво место!“, напиша на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.

Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно да одлучува бремената жена се заснова на дадена согласност свесно, без принуда од кого било и врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата. Прекинување на бременоста како и досега ќе се врши во болничка здравствена установа која во својот состав има гинеколошко акушерско одделение.

Одложено рочиштето за „Ликвидација“

Поради оперативен зафат на поротничка во судечкиот совет, судијата Осман Шабани го одложи судењето за предметот „Ликвидација”, кое требаше да почне од почеток.

Адвокатот на починатиот Борис Николовски приложи извод од матичната книга на умрените, за судот за него да ја запре постапката.

Адвокатот Александар Тортевски побара прочистено обвинение од обвинителката Марија Ѓорѓева, а следното рочиште е закажано за 3 септември.

Случајот „Ликвидација“ го отвори МВР во време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ, а го застапуваше обвинителката Лиле Стефанова. Им се судеше на судии, адвокат, обвинител и новинар и заврши со правосилна пресуда со која сите осуммина обвинети со правосилна судса одлука беа прогласени за виновни.

Од среда патарината може да се плаќа електронски

Не се остварија ветувањата на Јавното претпријатие за државни патишта дека електронскиот систем за наплата на патарина ќе стартува до крајот на месец јуни. Ветувањето на директорот Зоран Китанов беше дека веќе во јуни на автопатот долж Коридорот 10 ќе може да се плаќа патарина со електронска картичка или таг, пишува Мета.

– Сè е спремно и тестирано за пуштањето на електронската наплата на патарина – изјави за „Мета“ директорот Китанов на 13 јуни.

Но од јавното претпријатие денеска објаснија дека наплатата би требало да стартува в среда.

– Неофицијално, системот би требало да проработи в среда – објаснија од јавното претпријатие во телефонски разговор за „Мета“.

Малите хидроцентрали во Северна Македонија се привилегирани

Еко здруженијата Еко Свест и CEE Bankwatch Network вчера поднесоа жалба до Енергетската заедница за неправедното користење на малите хидроелектрани над други енеретски извори.

Македонија е потписник на Договорот за енергетска заедница, со кој се забранува “каква било јавна помош која ја искривува или се заканува да ја наруши конкуренцијата со фаворизирање на одредени претпријатија или одредени енергетски ресурси”.

Малите хидроелектрани во последниве години ја уништуваат југоисточна Европа – вклучувајќи ја и Северна Македонија – поради нивниот брз развој, често во заштитени подрачја, и недостиг на спроведување на законите за животна средина.

Ангела Петровска

Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ