• Latest

20 август: Распит, (не)вина, одложување, сомнежи, соработка…

August 20, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

20 август: Распит, (не)вина, одложување, сомнежи, соработка…

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ

August 20, 2019 16:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Јанева не чувствува вина и се надева дека со нејзините аргументи ќе се забрза истрагата за „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што дава исказ за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени. Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

По четири часа заврши распитот во ОЈО на специјалната обвинителка Катица Јанева, која на излегување пред новинарите изјави дека е повикана како сведок во случајот „Рекет“ и дека не се чувствува виновна. На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори дека ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации.

Катица Јанева влезе во ОЈО во придружба на адвокатот Стеван Павлевски, кој е адвокат на Цветан Панделески кој е еден од осомничените во случајот „Империја“.

Судењето за „ТНТ“ продолжува на 30 август

Во Основниот кривичен суд во Скопје, денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи за 30 август, заради отсуство на судијата Огнен Ставрев, кој го води предметот, а во моментов е на боледување.

Случајот „ТНТ“, се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, кој се наоѓа во доказна постапка, а на последното рочиште беа сослушани сведоци предложени од одбраната.

Македонија и Бугарија ќе ја зајакнуваат регионалната соработка

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и владина делегација, денеска, беа домаќини на делегација на Република Бугарија предводена од  министерката за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова.

На средбата, што се одржа во Владата, премиерот Заев истакна дека две години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е постигнат значаен напредок во соработката меѓу двете земји во повеќе сектори и е зајакнат политичкиот дијалог.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Јавното обвинителство отфрли иницијатива на ДКСК поради застареност.

Битола со 5 милиони денари од Владата ќе се справува со аерозагадувањето.

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25. 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Се интензивираат активностите со Иницијативата на ЦИВИЛ „Крај за расипништвото“ за укинување на привилегиите на функционерите. Иницијативата #КрајЗаРасипништвото во нејзината онлајн верзија до сега ја потпишале над 2.500 луѓе. Ќе биде достапна за потпишување до почетокот на септември…

ЦИВИЛ ги охрабрува и ги повикува граѓанките и граѓаните да се приклучат во борбата за спречување на корупцијата.

Дехран Муратов

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ