Под слоганот „По Охрид“ во земјава се одбележуваат 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година. Со 300 учесници на конференцијата, присутен е државниот врв, поранешни државни лидери, како и голем број меѓународни претставници, меѓу кои и Лорд Џорџ Робертсон.