• Latest

20 јуни: Реконструкција, преговори, ратификација и одбегнувања на судски рочишта

June 20, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

20 јуни: Реконструкција, преговори, ратификација и одбегнувања на судски рочишта

June 20, 2019 15:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владината реконструкција наредната недела во Собранието

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска изјави дека се очекува во почетокот на наредната недела Собранието да го усвои предлогот за најавената реконструкција.

Според него, предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Зоран Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела. Во меѓувреме, како што наведе Хоџа, Заев ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

Канада го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО

„Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина“, објави канадското МНР.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД. Се очекува ратификацијата на Протколот во Вашинготн да се случи до крајот на летово.

Пред десеттина дена Протоколот за НАТО го ратификуваа Германија и Естонија.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата,  Македонија се очекува и официјално на Самитот во Лондон кога ќе се одбележи 70 годишнината, да стане 30-та членка на НАТО.

Бугарија и Македонија можеби заедно ќе претседаваат со Берлинскиот процес

Бугарија и Северна Македонија најверојатно ќе имаат заедничко претседателство со Берлинскиот процес идната година, најави министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, пренесува Бугарското национално радио.

Актуелен претседавач со Берлинскиот процес е Полска, а следниот треба да биде определен на Самитот во Познан на почетокот на јули годинава.

Случај „Тортура“: Камчев не се појави да сведочи, обвинителот бара да биде спроведен

Обвинителот Љубомир Лапе на денешното рочиште за предметот „Тортура“ побара на наредното рочиште сведокот Орце Камчев присилно да биде донесен во судот, односно со полиција.

Денешното рочиште беше одложено, бидејќи во судница не се појави обвинетиот Метуш Шабани поради здравствени проблеми.

Во случајот „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите.

Граѓаните за државата или државата за граѓаните!?

На 25 јуни ЦИВИЛ – Центар за слобода организира панел дискусија посветена на човековите права и слободи, транспарентни и одговорни политички процеси и владеење на правото. На панелот ќе говорат професорките Јасна Бачовска и Мирјана Најчевска, како и активистката Мерита Максути.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ЦИВИЛ веќе четврта година успешно го спроведува во соработка со National Endowment for Democracy.

М. И.

Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ