• Latest

20 септември: Нови распити, обвиненија, дезинформации, протести…

September 20, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

20 септември: Нови распити, обвиненија, дезинформации, протести…

September 20, 2019 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Катица Јанева останува во притвор, одбиена понудената гаранција во имот

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење.

-Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Ребалансот во собраниска процедура, најавена поддршка за повисоки плати и побрз економски раст

Поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување и повисоки стапки на економски раст најавува новата министерка за финансии Нина Ангеловска со ребалансот на Буџетот кој веќе е во собраниска процедура.

Претседателката на Меѓународниот сојуз на распит во Обвинителството за организиран криминал

Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Во Обвинителството се очекува денеска да сведочи и бизнисменот Зоран Азманов.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Денеска во Скопје се одржа протест под мотото „Петоци за иднината“, пред Владата, со почеток од 13 часот, како дел од Глобалниот протест за спречување на еколошката катастрофа.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации и шпекулации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска и утре е во работна посета на Чешката Република, каде што се сретна со својот колега, министерот за одбрана, Лубомир Метнар.

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

Вкупно 171 предмет презело Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Специјалното јавно обвинителство, велат од ЈОРСМ за МИА.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Дерала: Привилегиите мора да се укинат, Уставот е јасен, во еднаквоста нема ретроактивност

„Забележавме дека и Владата се обидува да стави некои рестрикции, да ги намали бенефициите, да ги намали привилегиите на функционерите, на избраните и на именуваните, но сметаме дека тоа одалеку не е доволно. Во Парламентот имаше некои одгласи, меѓутоа исто така е недоволно. Претседателот на државата даде една јасна порака во која ја поддржа иницијативата и сметаме дека тоа е еден чекор повеќе и дека она што треба да следува во наредниот период е ние како граѓански организации да извршиме сериозен притисок за привилегиите да бидат укинат. Бидејќи во оваа сиромашна земја имате привилегии какви што ги немаат ниту најбогатите земји во светот“, изјави Џабир Дерала.

 

ЦИВИЛ со „Зелена иднина“ во Пелагонискиот регион

Тим на ЦИВИЛ денеска продолжи со теренски активности во општините Битола, Новаци, Могила и Прилеп каде на инфо -штандовите го за промовираше на проектот „Зелена иднина“.

На конференцијата за изборни реформи ќе говорат политички лидери, експерти, домашни и меѓународни организации, високи владини функционери и претседателот на државата

До сега се потврдени близу 30 говорнички и говорници на Конференцијата за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, а бројот на пријави за присуство расте постојано, информираат од Тимот за комуникации на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отворат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

МИСЛА 

Евтино грозје – скапо вино

Според писменото обраќање на Авторот до Редакцијата, овој напис е доставен до сите весници во септември 2010 година, но ниеден од нив не го објавил. Имајќи предвид дека текстот содржи поенти што, за жал, се актуелни и сега, го објавуваме овој текст и како сведоштво за тоа како изгледале политиките пред девет години, но и како сугестија за излегување од овие состојби во доменот на производство на грозје и вино, пишува Коста Стоименовски.

Можеби е подобро така…

Навистина, СЈО можеби не успеа да ги открие и истражи сите криминали што произлегуваат од прислушуваните разговори, но причината за тоа лежи во последиците од организираната криминална структура што го одржуваше режимот и која сѐ уште е жива и моќна. И, на крајот на краиштата, нека биде и малку, но тоа што до сега го одработи СЈО, сосема е доволно да се истераат судските процеси до крај. Ако во само една третина од предметите на СЈО се докаже вината на обвинетите, тоа ќе биде доволно повеќе од половината влада на Груевски, сосе него, да замине на долгогодишен престој во затвор, пишува Џабир Дерала.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ