• Latest
Зоран Иванов

2022 – Во тунелот, или од тунелот

December 31, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

2022 – Во тунелот, или од тунелот

Република Северна Македонија нема избор. Државата ќе треба да се потпре на самата на себе. Со сопствени сили да излезе на светлината на денот. Од тунелот во која ја заглавија нејзините политички експоненти и конечно институционално да зачекори по патот на едно општество еднакво за сите и по патот на една држава еднаква за сите.

December 31, 2021 07:10
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Македонскиот пат во насоката иднина води преку тунелот во кој сме влезени и во кој цели три децении се препелкаме во некакви наши автентични и од нас недефинирани сопствени и надворешни премрежија. Трнлив и болен транзициски пат влезен во темниот тунел од каде што никако и да го одредиме правецот за излез на светлото на денот. И покрај најдобрите новогодишни желби никако и истиот или идентичен амбиент ни се заканува и во 2022 година.

Галиба и  натаму продолжуваме по истото темно тунелско беспаќе. Песимистично но до нашите политички водства кои, што поради нивната неумешност, што поради нивната алчност, секако и поради судбинските соседи и нивните големи европски ментори, уште никако и да допре зракот светлина.

Овде, кај нас внатре, како уште да не се родија јунаци кои би се впрегнале да ја изведат земјата надвор од овој во тридеценискиот македонски тунел. Уште никако Татковината да изнедри генерација нови политички клинци. Некои енергични и реализирани, нефрустрирани и некриминогени. Некои кои во името на сите граѓани и без привилегии за никого, посветено, енергично и без компромиси ќе тргнат во отворање на патот кој во своите планови го имаат запишано сите партиски елити но на кои, желбата за општото добро и за напредок на земјата, им се губи на патот на корупциите и криминалите. Некои на кои ЕУ не ќе им биде само вербална еквилибристика , туку на кои европските темелни вредности конечно ќе ги всадат овде. И кои своите граѓани ќе ги почестат со слободни, непартизирани, праведни, стручни, одгворни, некорумпирани, функционални, одржливи, авторитетни , самосвесни и самоконтролирачки институции.

Во едни такви, засега само претпоставени идеалистички и волунтаристички желби, не ќе се толку важни и толку трауматични и надворешните соседски средновековни глупости ниту пак мимикријата на нивните затскриени моќни европски поддржувачи. Решенијата за нас се овде и тие зависат од секој од нас и секако и најмногу од овдешните политички елити кои, за да се закитат со таквиот атрибут, прво ќе треба веќе да почнат да испорачуваат видливи европски вредности.

Ова мало македонско општество конечно ќе мора да го заврти листот и масовно, организирано и самосвесно, да ги дефинира, да ги препознае и да ги афирмира демократските сили. И да ги употреби и да ги стави во државотворна функција нивните капацитети. Да им го отвори патот на способните и компетентните. Да им го ослободи просторот окупиран од политиканти, блефери и манипуланти. Да ги спастри и да ги професионализира партиски заробените институции. Да ги елиминира, да ги забрани и да ги казнува непотизмите, клиетелизмите, кронизмите. Да ја совладува корупцијата енергично, транспарентно и посветено и да го крене судството не неговата елементарна системска ефикасност и барем на ниво приближно на европските рамништа.

Во три децениските беспоштедни меѓупартиски битки, политичките елити на Македонија и`ги испуштија сите термини. И` ги уништија сите шанси. И` ја прокоцкаа сета меѓународна поддршка. Младите бегаат. Тие оправдано го напуштаат теренот на нашите перманентни внатрешни порази и им ја препуштија државата на разно разни картелски мафијашки идентификувани и неидентификувани центри кои безмилосно  окупираа се`. И демократијата и институциите и буџетот и тендерите и судбините на македонските граѓани.

Целата политика им се сведе на беспоштедни битки за буџетите на државата, на општините, на државните компании. На битките за тие пусти народни и од нив незаработени пари. За тендерите за тие пари и за корупциите со тие пари. Таквите појави ни станаа природна непогода. Во изминативе три децении набујаа во систем кој го деформира и го атрофира сето македонско општество.

И државата и општеството и досега ниту имаа ниту пак натаму ќе има комотен простор и комотно време. Отсега натаму, вклучително веќе и од самиот старт на оваа нова и актуелна 2022-ра, ќе ги нема ич. Земјава реформски е блокирана од самата себе. Власта е во предолги процеси на компонирања и рекомпонирања, опозицијата е безидејна и немоќна, интелектуалните капацитети се испумпани, граѓаните резигнирани, собранието не функционално, кризите од енергетски и здравствени, преку економски и социјални, ни остануваат контиунираниот амбиент.

Република Северна Македонија е во слободно паѓање. Коруптивно забрзана и без падобран. Доколку и во новата година продолжи ваквото талкање, ако системот, тоа што е останато од него, не смогне сили за сеопшто самоорганизирање, ако не успее да ги вклучи моторите на најјако, да ја забави коруптивната гравитација, да најде начин за меко спуштање, земјата онака топтан, со се сите нас во неа, ќе тресне врз своето најдолно дно и ќе се распрсне како зрела лубеница фрлена од високо.

И нормално, како непосакувана последица, од своите недра ќе ги испуди уште малкуте од ителигентната младеж која се уште негува верба во подобро денес и во поперсективно утре за себе, за своето семејство и за својата земја. Ќе останат институциите во сопственото кабинетско бирократско кафкино време да се доразнебитат. И криминогените политичари и нивните бизнис пајташи да го дораскрчмат тоа што уште малку останало од заедничките пари. И алчните тајкуни да го дораскопаат зеленилото и да го добетонизираат јавниот простор. И партиските бирократи да ги поднаместат и последните државни и општински тендери и да ја докорумпираат државата.

 И тука ќе е дното. Она последното. Дно на дното. Деветтиот круг. Натаму ќе нема други дна. Ќе има долгови, ќе нема буџети. Ќе има политичари, ќе нема  политики. Ќе има бизнисмени, ќе нема бизниси. Ќе има работодавачи, ќе нема работници. Ќе има лекари, ќе нема пациенти. Ќе има јасли, ќе нема бебиња. Ќе има учители, ќе нема ученици. Ќе има амфитеатри, ќе нема студенти.

Сепак, сосема малку и за другата страна. За онаа поведрата. За надежта и перспективата. За родољубите, за младите упорни и бунтовни и за возрасните чесни и посветени. За она тивко граѓанско мнозинство, за потенцијалот што општеството го има во изобилие, а кое државата не сака или не умее да го препознае поради заробените партизирани институции, поради неснаоѓанењето на носителите на јавните функции или поради алчните кариеристи и агресивните среброљупци.

Секоја Нова е надеж. Така е и со оваа Нова Година. Таа е и мотив и поттик за зрак светлина кој конечно ќе продре и ќе го разбие мракот во деценискиот македонски тунел. Зрак сила за реформи кои земјава забрзано и континуирано би ја туркале во посакуваната европска цивилизациска насока. Република Северна Македонија нема избор. Државата ќе треба да се потпре на самата на себе. Со сопствени сили да излезе на светлината на денот. Од тунелот во која ја заглавија нејзините политички експоненти и конечно институционално да зачекори по патот на едно општество еднакво за сите и по патот на една држава еднаква за сите.

Преку длабоки резови да реализира, да гради граѓански државотворен реформски концепт. Без задршки да ги совладува корумпираторите и корумпираните, да ги игнорира умислените и лажните патриоти и да ги елиминира партиските популисти и алчните материјалисти.

На земјава и требаат силни, смели и чесни водство необременети со афери и криминали. Дистанцирани од клиентелисти и полтрони. И треба современа политичка елита која не ќе робува на историски комплекси и на историски недоречености. И треба политичка енергија во која граѓаните ќе препознаваат држава која за секој посебно и за сите заедно ќе навестува и ќе остварува реални перспективи.

Во тунелот или од него?

Оптимизмот вели – од него.

И надежта вели – од него.

За крај на текстов и за добредојде на годината – вообичаените пригодни и прикладни зборови преточени во порака исткаена од оптимизам и надеж: Среќна Нова 2022-ра година!!

                                            

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ