• Latest

2023 година на надежи и можни уставни измени, ќе ја прескокне ли Македонија последната препрека кон ЕУ?

January 3, 2023

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

2023 година на надежи и можни уставни измени, ќе ја прескокне ли Македонија последната препрека кон ЕУ?

January 3, 2023 13:22
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА КРАМАРСКА

Влезот во Новата 2023 година како никогаш досега ги исполнува со немир политичките структури кои работат на продолжувањето на преговорите за членство во ЕУ. Владата ги нема сите карти во рака кога се во прашање уставните измени кои се дел од преговарачката рамка, а опозицијата стои цврсто на ставот дека нема да испорача поддршка, без која не може да се дојде до 80 гласа „за“ уставните измени.

2023 година е и последна календарска година од мандатот на претседателот на државата, но и на Владата бидејќи напролет во 2024 и на почетокот на летото ќе треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, за кои нема да биде изненадување ако се одржат заедно пролетта 2024. Тоа значи предизборни престројувања, калкулации и многу нервоза на политичката сцена во 2023 година.

Затоа, без претерување може да се каже дека 2023 година ќе биде турбулентна и неизвесна, со вклучена прогноза дека доколку тргне нешто наопаку при гласањето за уставните измени, може да дојде дури и до предвремени парламентарни избори. Премиерот Ковачевски категорично вели дека изборите ќе се одржат во редовниот термин, меѓутоа, постапката и амбиентот кој никој не може да го предвиди сега, може да донесат и поинакви одлуки и чекори.

Извесно е дека опозицијата и во 2023 година ќе врши притисок за предвремени избори. Анкетата на ИРИ покажа предност во рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ што е уште една причина за Мицкоски и тимот да бараат предвремени избори.

Ниту внатрепартиската атмосфера нема да биде подобра. Во втората половина на 2023 СДСМ ќе мора да ги исцрта контурите на својот претседателски кандидат. Од силната ПР кампања на Пендаровски може да се заклучи дека тој сака повторно да учествува во претседателската трка. Но иако во СДСМ тоа прашање уште не  почнало да се разгледува, амбиентот не е во полза на Пендаровски на кого му се припишува преголемо солирање, кокетирање со опозицијата и изненадувачка лојалност кон ДУИ. Неговото позиционирање на политичката сцена како да е посматрач а не актер во политиката со највисока позиција, создаде недоверба кај партијата која го лансираше и го изгласа на претседателските избори во 2019. Неговите потези пак со вклучување во борбата на ранливите социјални групи, децата, одењето во домашни посети и посети на бизниси и претпријатија, го направија повеќе фигура на периферијата отколку фигура во центарот на македонската политика.

Кога станува збор за политиката, повторно се враќаме на уставните измени кои се клучот за сите идни случувања. Консултациите за тоа прашање се веќе започнати. Доколку уставните измени не успеат, тоа ќе ја намали политичката сила на владејачките партии, со што ќе се намали и интересот за трка за највисоките функции. Доколку пак успее овој важен процес, партиите од власта добиваат нов ветер во грб и нови хоризонти во идните политички случувања.

Секако централно прашање ќе биде и дали Македонија ќе се одлепи од корупцијата која е причина за загриженост не само дома туку и кај партнерите, особено САД. Сигналите што пристигнуваат се дека 2023 ќе биде година да се биде или не во поглед на борбата против ова широко распространето зло кое ја разјадува државата и создава недоверба во нејзината меѓународна позиција.

На надворешно политички план, Македонија од јануари 2023 го почна  претседавањето со ОБСЕ. Одлуката за тоа беше донесена со консензус на членките, на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана во 2020 година. ОБСЕ е единствена организација каде заедно членуваат САД и Русија, сите одлуки се носат со консензус и поради војната во Украина, функционирањето на организацијата во која членуваат 57 држави е исклучително отежнато што ќе биде голем предизвик за македонското претседателство.

Анализирајќи ја оваа состојба неодамна шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека Македонија во својата политика ќе се држи до принципите и заложбите на ОБСЕ.

„Како претседавачи на ОБСЕ ние сме заштитници на вредностите на организацијата и чувари на заложбите. Ако една земја учесничка ги има повредено тие заложби, не можеме заради потребата од консензус во самата организација да правиме компромиси со основните вредности за што постои организацијата. Русија преку агресијата врз Украина ги прекршува сопствените заложби како членка на ОБСЕ и заложбите на организацијата“, рече Османи.

Косово иако директно не ја засега Македонија, поради интересот на албанските партии за неговото целосно признавање, и особено нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград, е неизбежен дел некогаш на маргините на македонската политика, но често и во нејзиниот центар поради безбедносните импликации кои ги емитува во регионот. Останува да се види дали 2023 ќе донесе промени на тој план или Косово и Србија и натаму ќе продолжат во ситуација на замрзнат конфликт.

Војната во Украина и можноста таа да заврши во 2023 година се тема на сите светски анализи и прогнози. Една од можностите што се разгледуваат е и да се одржат мировни преговори со посредништво на Обединетите Нации поточно на генералниот секретар Антонио Гутереш. Украина јавно истакна дека е за тоа мировната конференција да се одржи до февруари но изрази и сомневање дека Русија ќе седне на масата за разговори за крај на војната. Ултиматумот што го издаде Русија, дека или Украина ќе им ги отстапи окупираните територии или Кремљ ќе ја реши судбината на Украина, меѓутоа, не дава надеж дека војната може да заврши брзо. На 24 февруари 2023 ќе се наврши една година од руската инвазија на Украина, чин што ги фрли Европа и светот во неизвесност и економска криза од досега незапаметени размери.

Вообичаено на влезот на секоја нова година велиме дека државата ја очекуваат неизвесни времиња, но овој пат 2023 навистина ќе биде година на пресвртници во Македонија, поради уставните измени, наближувањето на претседателски и парламентарни избори, како и продолжените последици од војната во Украина кои за целиот континент и пошироко значат економска и безбедносна криза. Клучното прашање ќе биде дали Македонија ќе успее да се извлече од балканскиот вител и да ги продолжи преговорите со ЕУ, или повторно ќе заглави во историски расправи и криза во односите со Бугарија.

Извор: novatv.mk | Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: 2023избориОБСЕСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ