• Latest
Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

2025: Без право на повторно влечење

January 15, 2025
Фото: Скриншот

Најмалку шест луѓе загинаа во напад на РСФ врз болница во Судан

May 30, 2025
Фото: Влада

Мицкоски од Будимпешта: Орбан е визионер за Европа, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти

May 30, 2025

Франција воведува забрана за пушење цигари на сите јавни места

May 30, 2025
фото: СДСМ

Дали декларацијата во ЕП ќе биде доволна гаранција за откочување на евроинтегративниот процес, прашува Филипче

May 30, 2025
Фото: Pudelek (Marcin Szala) — сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=29867958

Бугарското Собрание усвои резолуција за напредокот на земјава во ЕУ и ги повика властите во Скопје да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле

May 30, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Директорот на БЈБ, Јанев за ѓубрето што Општина Чаир го истури пред Град Скопје: Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство во надлежност на полицијата

May 30, 2025
Фото: скриншот Влада на РСМ

Митева: Анализите за спојување на разузнавачките агенции се во напредна фаза

May 30, 2025
Асиб Зекир, директор на РЕДИ / Фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Зекир: Жената што собираше пластични шишиња ја запали искрата за РЕДИ Рециклажа

May 30, 2025

РЕЦИКЛИРАЈ(RECYCLЕ): Втор живот на отпадот – Мал чекор за човекот, голема промена за природата

May 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

2025: Без право на повторно влечење

January 15, 2025 11:10
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Следната година нема добри очекувања за сите, каде и да се на планетава. Кај нас не можеме да очекуваме подобра судбина, уште повеќе што самите си ја одбравме, како на локалните избори пред неколку години и така и на парламентарните и претседателските лани.

Белиот глушец од продавачот на среќа на Камениот мост не извлече поволна вест за она што не чека и дома и надвор годинава. Мислам на сликата на оној стар човек од пред повеќе децении кој стоеше таму со мало глодарче и кој ги поврзуваше љубопитните муштерии до напишаните прогнози сместени во една отворена кутија и извикуваше (цитирам): „Миш бели – среќу дели“.

БЕЛИОТ ГЛУШЕЦ Дел од амбиентот во едно друго време кога луѓето беа речиси целосно еднакви а добивките кои можеа да донесат среќа или илузија за среќа беа дребни

За волја на вистината, барем за дома, самите си гласавме и немаме право да се буниме. Сами бевме со својата рака во која стоеше гласачкото ливче место тоа глодарче, соочени со одлуката што ќе ни ја одредува судбината. И сега гледаме како таа одлука изгледа – сите најави за она што до добиваме во вторите шест месеци од годината што измина се обестинуваат а има приде и непријатни изненадување и не можевме да ги претпоставиме. Нема автобус? Добро, колку треба да се оди пеш до Драчевио? 12 километри.- тргнувај!

Ги нема три кралеви, има Трамп 2.0

На денот кога во катличкиот свет се обележува доаѓањето на трите кралеви во пештерата каде наводно се родил малиот Исус, близу Витлеем, и кога целото тогашно признато уредување, пренесено нели низ тие персони качени на камили, се спојувало во една личност и ние се готвиме како планета и со лаички проценки настојуваме да видиме што ќе се случи после инаугурацијата на новиот американски претседател на 20 јануари во Вашингтон. Една голема причина што треба да го откриеме она што битно ќе влијае на идните промени што се очекуваат во годината во која завлеговме. И тие сознанија неминовно ќе бидат врзани за периодот после инаугурацијата на претседателот Трамп  За тој настан пред се’се врзани и најголемите предизвици за глобалната економија во 2025 година.

Тоа е ситуацијата која се нарекува Доналд Трамп 2.0 и за која секако не очекувам дека може да има директно влијание врз нашата земја дури и тогаш кога би предизвикала треперење во нашите срца. Знаете како кога старо-новиот претседател Трамп рече дека нема намера да ја брани Црна Гора (тогаш веќе членка на НАТО) како пример дека САД финансиски покрива многу земји а ние бевме пред вратите на Алијансата?! Но, токму во тоа време ние и влеговме во НАТО без проблем токму како резултат на вашингтонската булдужер-дипломатија, која, нели, нема толкава ефикасност кога се работи за релациите Скопје – Брисел. Овој пример е само доказ дека зборовите на првиот човек на Белата куќа не може секогаш да има универзалнно значење а уште помалку – долгорочен дострел!

ПРОТИВРЕЧНОСТИ Влеговме во НАТО наспроти негативната енергија кон новите, мали членки во глобала – подршката на американската булдожер дипломатија треба да се заслужи

Трговските бариери како голема сенка врз светот

Сепак, светот е преполн со коридори низ кои се прелеваат меѓусебните релации во светот, било да се тоа мали или големи земји. Сите се согласуваат дека клучен ќе биде после 20 јануари факторот Трамп 2.0. Се нагласува неговата непредвидливост без оглед на ефектите што одлуките донесени во такви момент можат да предизвикаат растројства па дури и хаос на планета. Факт е дека до сега овој претседател и неговиот тим ги омаловажија своите сојузници, па и оние од НАТО. Новите трговски договори и фокусирањето одново на „најпрвин Америка“ може да донесат несакани последици. Недостатокот на јасно американско лидерство ќе отвори простор за земјите како Кина, Индија и Русија да ги пополнат воените, политичките и економските празнини што ќе настапат.

Тремор најнапред се јавува во бизнисот, посебно оној на нашиот континент а тука и ние имаме свој влог, пред се преку ТИРЗ-овите! Податокот дека доларот како никогаш порано не се приближи со вредноста до еврото ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат и најмоќните економии. Бизнисите сакаат да планираат однапред, поради што заканата од тарифите е толку вознемирувачка. Трамп ја пофали идејата на воведувањњето на додатни бариери за увозот на стоки во неговата земја како начин за казнување на земјите за трговски дефицит. „Зборот обичаи е најубавиот збор во речникот“, си споменуваат аналитичарите на Трамповите говори од октомври 2024 година.

За време на изборната кампања во 2024 година, поконкретно Трамп се закани дека ќе воведе царини од 10-20% за сите стоки што влегуваат во САД и до 60% за кинеските производи, најавувајќи дека ќе ги спроведе од неговиот прв ден на функцијата.

КИНЕСКА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ  Во САД малите електрични автомобили се опродаваат за 12 илјади долари – и со царини од 100 отссто тие пак ќе бидат најевтимни

Навистина, Трамп неодамна го промени својот план, најавувајќи царина од 25% за сите стоки од Мексико и Канада, додека кинеските стоки ќе бидат погодени со царина од 100%. Мексико вети контрамерки, а Кина може да го стори истото. Канадскиот премиер веднаш го посети Трамп на Флорида за да се обиде да ги смири работите.

Но за големите компании  – кои се како локомотиви што со себе влечат цели национални композиции, сосе средните и мали фирми, ескалацијата на тарифите би била лоша вест. Ваквите мерки би можеле да ги загрозат соседите на Америка и евентуално да го раскинат Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA), кој беше потпишан за време на првиот мандат на Трамп.

Во моментов, околу 80% од мексиканскиот и над 75% од канадскиот извоз оди во САД. Повеќе од половина од американскиот увоз на овошје и зеленчук доаѓа од Мексико. САД увезуваат граѓа и милиони барели сурова нафта дневно од Канада.

На крајот, американските потрошувачи ќе ги почувствуваат последиците во вид на повисоки цени и можен недостиг на одредени стоки на полиците. Некои тврдат дека Трамп ја користи заканата од царини како алатка за преговори, но таквата стратегија може да доведе до одмазда и брзо да ескалира во глобална трговска војна!

Емигрантите во менгеме

Не е само стоката таа што може годинава да наиде на пречки. Глобалната миграција се повеќе се наоѓа во буквални крлетки. Тоа е дури и дел од парадоксална ситуација кога оние мигранти кои веќе влегле претходните години во САД, на пример, ја подигнуваат скалата, така да се рече, за нивните земјаци нестигнатио да паднат назад, себично гласајќи за Трамп, оној кој сигурно може да нареди сите новодојдени, во одреден квамнтум, да бидат ввратени преку Рио Гранде.

Вториот парадокс со мигртантите е врзан и за нас. Тоа што Фронтекс е и натаму на нашите граници и се обидува да ја штити Европа од влезот на нови армии на мигранти од Блискиот и Среден Исток, ќе има повеќе простор за работа, но заради фактот дека ќе се јави и повратен бран на новодојденци од ЕУ во земјите кои се некаде помеѓу изворот и целта на тие движења, во кои е и Македонија, можат да доведат до балканска дестабилизација. Како никогаш порано! Имено, фактот дека поранешната германска канцеларка Меркел одлучи да всиса поголем дел од приливот на бегалци од Сирија, но автоматски и други државјани од тој регион, ја олесни ситуацијата на тој план и кај нас. Таксистите повеќе не ме прашуваа дали „зградите што се градат во Ѓорче или Сарај се за бегалците“. Туку само констатираа во од нив наметнатиот муабет дека „не се луди да останат кај нас, кога и ние бегаме на Запад“. Правилно. Но тие сироти баратели на подобра судбина ќе се најдат во некакво просторно менгеме. Нема да можат да одат повеќе на Запад, ама ќе добијат друштво и од некогашни соседи кои се вратени од Унијата. Имено, некаде пред еден месец само Австрија врати во Хрватска 50 илјади емигранти дојдени „на црно“, како прва земја на Унијата низ која минале. Загреб веднаш одлучи да ги препрати во БиХ (барем првите 25 илјади повратници) а оваа земја исто така има право да ги препраќа кон оние држави од каде тие претходно пристигнале.

ЕМИГРАНТИ ВО ЗЕМЈАВА Ќе се вратат ли овие слики само од обратна насока, по протерувањето на овие луѓе од западните земји?

Ова прашање е посебно жешко, бидејќи, во нашата земја а и не само во неа не се предвидени никакви ресурси за згрижување на цели армии лица кои секако ќе се најдат во такци прилики на нашите улици. Трговските тарифи на САД ќе имаат додатно влијание на економската ситуација во Европа каде веќе се отпуштаат домашните работници а секако, во такви услови први ќе одат надвор – ауслендерите.

Лидерите ширум светот чувствуваат потреба да покажат контрола над границите со тоа што ќе станат построги кон мигрантите. Светот ќе стане помалку отворен и динамичен. За време на предизборната кампања во САД, републиканците ветија „најголема операција за депортација во американската историја, тоа е идеја на која Трамп цврсто се држи“.

Покрај депортациите и построгите мерки на границата со Мексико, Трамп во интервју на почетокот на декември вети дека ќе го прекине автоматското државјанство за сите оние кои се родени на тлото на САД.

Американскиот претседател има значителни овластувања кога станува збор за илегалната имиграција, но повеќето од неговите предлози завршуваат на суд. Може да го намали и бројот на бегалци или да го отежне добивањето визи и зелени картони.

И Унијата ветува борба против нерегуларната миграција. Италија се обидува да го реши проблемот со помош на Албанија, префрлајќи дел од новопристигнатите а несекани доселеници од Африка во новите логори во северозапднот дел на нашиот сосед, додека имиграцијата ќе биде клучно прашање на претстојните избори во Германија овој февруари.

Соседски влијанија врз нашата стабилност

Иако кај нас не се споменува тоа прашање, да го наречеме „итлаијанскиот модел“, сепк да го отвориме. Кој гарантира дека на бегалците од Африка сместени на северот на Албанија нема да им здодее чекањето (кое веќе сега, веднаш, може лесно да се предвиди како повеќедецениско) и тие да се обидат самите да се опробаат во некакво барање на својата среќа, излегувајќи од оваа земја?

Второто прашање е врзано за зголемените санкции што пред се САД ќе ги воведат кон империјалистичката политика на Путин. Она што е најавено за Србија, земја која преку својот лидер Вучиќ ужива во фактот дека може да го имитира титовското лавирање меѓу блоковите, сега ефектуирано како паѓање во енергетска блокада е прежешко и за нас, иако ние немаме никаква јавна анализа каде би се нашле во неповолниот развој на настаните кон нашиот северен сосед. Немаме од небрежност или од незнаење. Нашите министри и премиерот се уште се без индукција и дедукција на таа материја?!

Значи, да појасниме – Сербја оди кон можна енергетска катастрофа. Знаете веќе дека се најавија како неминовни американски санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) која е во доминатно руско сопствениѓтво (56 отсто). Ова сопсствеништво е типично колонијално настапување на Путин што тој го доби додека Вучиќ се фалеше дека добива евтини енергенти. Всушност, евтини енергенти добиваше руската фирма во Србија која им ја продаваше на своите домаќини и тоа е битно за да се свати американскиот став, кој, за чудо, не сакаше да го прифати американскиот амбасадорр Хил во оваа земја!

„Тоа ни отвора проблеми со нашите руски пријатели, од политички до се останато“, рече Вучиќ во гостувањето на проруската тв „Информер“. Објасни дека Србија мора да го реши проблемот со сопствеништвото на НИС-от до крајот на февруари и дека до тогаш земјата има доволно резерви за да нема паника на бензинските пумпи.

РЕДОВИ ЗА БЕНЗИН Американските санкции кон Србија ќе доведат индиректно и до редици за бензин и кај нас

Најкусо што може да се објасни е дека или Белград треба да најде решение да ја врати сопственоста над Нафтената индустрија или санкциите се неминовни како дел од најновиот удар кој се задава на руската економија.

Колку што може да се свати од коментарите на претседателот Вучиќ, Србија нема толку пари дури и ако Русија се согласи на таков дил. Се работи за милијарди долари кои едноставно фалбаџијата ги нема а кои би требало веднаш да се намират, на што Вашингтон посебно ќе внимава.

Тука има многу „ама“ дури и ако тие пари се најдат во презадолжената Србија! Путин може да каже „њет“ за таква зделка. Кој сака да продава нешто што му носи профит, но и заради што тој го градел Турскиот тек прекуи кого доставува енергенти во Бугарија а од таму и кон Србија и Унгарија и веројатно БиХ. Тоа не е само некаква зделка во која тој би добил некакви моментални пари што нему не му значат толку ако види што губи на геостратешки план, особено сега, после пресекувањето на укаринската цевка за извоз на гас во Словачка и Молдавија.

И одново, ако Путин го прифати тој чин големо е прашање по која цена тогаш би извезувал енергенти кон Србија, бидејќи тоа до сега и не беше партнерски однос,  туку само извоз (дотур) во сопствена индустрија на Балканот.

Вучиќ не само што нема решение, туку и нема назнака каде би ја насочил тактиката за преговори со Москва, во време кога од таму нема никаков повик. Јасно е дека треба да оди на прослава на Денот на победата (9 Мај), додека  САД тврдо дадоа само два месеци до конечно решение и тоа во ситуација кога Москва не мрднува ни со прст да разјаснува некакви свои мислења и ставови. Вучиќ оди по патека полна со жар. А знаеме дека тој проблеми во мигот има преку глава и за нив и без прашањето на НИС го фаќа паника…

Македонија може да биде некаква патемна жртви ако Путин реши да ја промени својата вкупна извозна енергертска политика кон Источна Европа а тоа би не закачило и нас.

А тука е и војната во Украина

Во однос на оваа нерешлива формула која може да ни донесе многу празни канистери од соседството на нашите бензински пумпи, јасно е дека многу нешта сепак ќе зависат од тоа дали ќе дојде примирје или целосен мир годинава на полињата на Украина а сега веќе и во делот на Русија (Курск)?

Трамп тврдеше дека ќе стави крај на руската војна во Украина во рок од 24 часа, со што потенцијално ќе ја прекине американската помош што ја поддржува земјата три години. Со оглед на тоа што САД се најголемиот донатор на Украина, ова би можело да го принуди Киев да преговара. Но од друга страна деновиве Трамп призна дека „не се водат преговори кога на терен губиш“ што пак значи дека во мигот тој не е подготвен да ја тера стратегијата кон – капитулација на Киев. Наводно на ова е наведен од понудата на Заеленски дека тој е подготвен во постигнување на мир (веќе не се споменува зборот „праведен“) да ги испрати своите професионални војници на местото на американските кои се позиционирани во Западна Европа, што за Трамп е голем мамец што тој би го голтнал.

Тука ја имаме во вид непредвидливоста на политиките што би ги водел Трамп, кој, сега сваќа дека некои работи е лесно да ги ветиш ама зад нивното остварување излегуваат стотина други проблеми.

Колку за НАТО е повеќе од јасно дека Асоцијацијата влегува подлабоко во тој конфликт кој навистина значи одбрана на деморкатските земји, од кои некои се први на ударот. Бев шокиран кога Дојлче веле деновиве прикажа документарен филм од Полска каде се прикажа дека во основните училишта таму веќе е воведен предмет што ние го знаевме како „предвојничка“ и кој беше врзџан само за последните два класови во средните школи, кога учениците се полнолетни! А кога ќе се види како мали деца држат автоматски пушки и одат на стелиште, навистина со ласерски куршуми место вистински, од олово, но сепак… Каде навистина оди овој свет?

Јасно е и тоа дека трошоџите на земјите-членки во НАТО ќе пораснат ако САД во времето на Трамп го намалува своето учество што е најавено од страна на идниот претседател. Дали тоа е внесено во сметките што ги прави нашата министерка за финансии?

Во меѓувреме израелските конфликти со Хамас во Газа и Либан би можеле да продолжат и во иднина. Кина сè уште има претензии за Тајван, кој стравува од можна инвазија.

Со децении, американското раководство помогна да се одржува глобалната стабилност. Трамп тоа го доведува во прашање. Отсуството на американска помош за сојузниците може да ги охрабри Иран или Северна Кореја да ги тестираат границите на нивните воени дејства.

Конечно и една добра вест

Конечно не е се толку црно. Според пишувањето на Хаберлер од Турција а пренесено од Танјуг, индустријата што произведува тв новели е во голема криза. Таа траела веќе шест месеци. Па и најголемите хитови кои преходно со месеци немаат свој крај, бидејќи, постојано се додаваат нови и нови епизоди одеднаш бараат од сценаристите брзи разрешници. А со тоа престанува девизата дека тие тв новели се извори на приходи што што не секнуваат. Едноставно, сериите не носат приходи, кризата во светот се појави и во овој сегмент и тоа изгледа сериозно за еден продукциски мастодонт.

ПРОГРАМА БАЗИРАНА НА СЕРИИ  Миксот меѓу мелодрамската содржина кај турските серии и вестите од политииката има идеолошка заднина

Оваа вест е секако во основа добра од аспект на атмосферата во нашето општество. Од каде оваа констатација? Па од фактот дека клучната победа на една политичка опција, која сега е на власт кај нас, главно се должи на успешната комбинација на опстанокот на клучните тв куќи, пред се најгледаните како што се ТВ Сител и ТВ Канал 5. Тоа е комбинацијата – пушти тв новели од истанбулските студија, па уфрли вести, па продолжи со сериите… Од утро до мрак една иста шема во која се влезени и неписмените или полуписмените гледачи заради надсинхронизацијата (инаку интересни како гласачка маса), ссе оздава зависност која и нема да знае за поинакви понуди а политиката која ќе се нуди како пауза меѓу ваквата играна програма едноставно ќе се прифати во некаков „комплет“. Безумната мелодрама, каде секоја сцена е врзана за постојано менување на етичките принципи на јунаците и тоа „до даска“ а која се префрлува низ  прифаќање на општата какофонија на етички вредности во реалниот живот (основа на жанрот) значи и лесно прифаќање на политичките ставови на новинарите од овие студија – лесн о е да се манипулира со шашардисаните гледачи; тие, онака хистерични како што одат настаните во омилените серијали, без усул ќе ги голтнат и сториите кои доаѓаат во продолжение. И тоа се покажа како успешен модел барем деценија и пол наназад и во политиката.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2025Доналд ТрампмигрантирегионСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ